Намирници кои вашиот стоматолог би ви ги забранил
Убедени сте дека флашираната вода е подобра од таа од чешма? Вашите стоматолози ќе ви го кажат спротивното.
Здравите заби се основен предуслов за убава насмевка, но и за спречување на многу болести.
Дали сте знаеле дека расипаните заби може да бидат една од причините кои предизвикуваат заболување на бубрезите?
За тие да бидат здрави, задолжително е да ги четкате двапати на ден, еднаш дневно да ги чистите со забен конец и редовно да правите рутински прегледи кај вашиот стоматолог.
Покрај сето ова, за нивното здравје многу е важна и исхраната.
На сите ни е познато дека кафето и цигарите се навистина штетни за забите, но ова се намирниците кои стоматолозите исто така би сакале да ги избегнувате:
Јаболка
Ако забите ви се слаби, јадењето на тврдо овошје и зеленчук само дополнително го влошува проблемот. Токму затоа, се препорачува прво да ги исечкате на помали парчиња, па потоа да ги јадете.
Тврди бонбони
Иако бонбоните не изгледаат така опасно, факт е дека на тој начин нанесувате на забите голема количина тврд шеќер, која се задржува на нив долго време, без оглед што можеби веднаш после тоа ќе ги измиете забите.
Мраз
Стоматолозите строго го забрануваат грицкањето мраз.
Пченка
Според многумина, нема ништо поубаво од варена пченка, но на тој начин ризикувате да ви отпадне некоја од пломбите или уште полошо забите. Затоа е подобро да ја откинувате зрно по зрно и така да јадете.
Сос од домати
Забната глеѓ е посебно осетлива на темни бои, а во таа група спаѓа и сосот од домати. Глеѓта значително ја впива црвената боја, по што доаѓа до појава на флеки на забите, а киселината го ослабува квалитетот на забите.
Бело вино
Киселината од белото вино се лепи за глеѓта и ја прави подложна на флеки од каква било храна која ќе ја изедете подоцна.
Флаширана вода
Иако повеќето од нас се убедени дека оваа вода е поздрава, стоматолозите предупредуваат дека при процесот на прочистување на оваа вода, во неа се додаваат киселини, што може да предизвикаат зголемена појава на кариес на забите.
Бонбони за освежување на здивот
Можеби вие во устата чувствувате свежина после нив, но за забите тоа е еднакво како да втривате огромна количина шеќер во нив. Ако веќе не можете без нив, секогаш избирајте такви кои не содржат шеќер.
Чипс
Текстурата на чипсот, односно неговата крцкавост на почетокот и мекост откако ќе се стопи, прават тој да се лепи за забите, при што бактериите кои создаваат киселина ја напаѓаат забната глеѓ, а вашите непца стануваат склони кон крвавење.
Лимонада
Иако е одлична за освежување и слабеење, цитрусната киселина ја ослабува забната глеѓ, а доколку ја засладите со шеќер, веќе ги имате сите услови за развој на кариес.
Пуканки
Слично како и чипсот, и пуканките лесно се задржуваат меѓу забите, при што доведуваат до развој на бактерии и кариес.
Кари
Кој било зачин или храна со силна боја може да доведе до промена на бојата на забите. Преголемото консумирање на кари може да предизвика вашите заби да добијат жолта боја.
Кандирано овошје
Свежото овошје содржи природни шеќери, додека кај кандираното, покрај природните, додадени се и вештачки засладувачи. Најлоша комбинација се цитрусните овошја во тежок, сладок сируп, штетни се и киселината и шеќерот.
М. С. | Црнобело