10 сигнали дека на вашето тело му е потребна помош

Нашето тело, и покрај милионите процеси кои постојано се случуваат во него, знае да ни укаже кога има некаква потешкотија или проблем во функционирањето.

10-signali-deka-na-vaseto-telo-mu-e-potrebna-pomos-1.jpg

Важното прашање кое треба да си го поставиме е колку често обрнуваме внимание на знаците кои тоа ни ги дава.

Правилната грижа за себе си вклучува редовни медицински прегледи, но и водење сметка за храната и начинот на живот.

Раното откривање на кој било проблем може да биде од клучно значете за негово решавање. Затоа обрнете внимание штом почувствувате некој од овие симптоми:

1. Сува кожа

Сувата кожа често е непријатна и досадна. Тоа укажува дека на вашето тело му недостасува витамин Е. За да ги надополните потребните количини од овој витамин во својата храна вклучете повеќе риба, ореви и растителни масла.

2. Кршлива коса и нокти

Слично како и кај кожата овие симптоми укажуваат на недостаток на витамин Б и калциум. Внесете ги овие важни состојки преку интегрални житарки, леб со цели зрна, млеко, мешункасти растенија и компир.

3. Зголемен апетит за сол и солена храна

Потребата за зголемено внесување сол во организмот укажува на на тоа дека на вашето тело му е потребен и некој друг минерален додаток. Но, зголемената потреба за сол може и да биде знак на инфекција или воспаление низ телото.

4. Зголемен апетит за благо

И зголемената желба за благо укажува на несоодветна исхрана. За да го решите овој проблем пијте многу вода, јадете свежи салати и држете се до здравата храна. 

5. Зголемена желба за сирова храна

Желбата за сирова храна (суши, сирење...) може да укажува на некаков дисбаланс во гастроинтестиналниот или дигестивниот систем. Сировата храна помага да се ублажат грчевите и да се смири желудникот. Затоа надополнете ја храната со свеж и лиснат зеленчук и многу овошје.

6. Зголемена желба за морска храна

Ова може да укажува на два проблеми: недостаток на минерали и хранливи материи (протеини) или недостаток на јод. Морската храна сепак е здрава исхрана, но сепак обидете се покрај неа да внесувате и други видови храна.

7. Сува кожа на лактите

Сувата кожа на овој дел од телото е знак на недостаток на витамините А и Ц. Овие витамини може да ги најдете во кајсиите, морковите или портокалите.

8. Немирно спиење, раздразливост, грчеви во нозете

Овие симптоми укажуваат на недостаток од магнезиум – инхибитор на дејството на невроните и калциум – важна хранлива состојка за мозокот, срцето и мускулите. Зголемете го внесувањето зелен лиснат зеленчук , бадеми, ореви, кајсии, сливи, банани...

9. Крварење на устата и непцата

Крвавење на устата и непцата често се појавува како резултат на недостаток на витамин Ц. Овој витамин најмногу го има во лукот, овошјето (особено портокали) и зеленчукот. 

10.  Зголемена желба за кисела храна и пијалаци

Хормоналните промени (на пример кај бремените жени) може да резултираат со поголема желба за кисела храна или пијалаци. Дополнително состојките содржани во солената храна го стимулираат црниот дроб и жолчката – потенцијално укажувајќи на проблем со некој од овие органи. Здравите извори на кисела храна вклучуваат брусница (или сок од брусница), лимон и лимета.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg