Како да завршите работа во јавен тоалет, на најхигиенски можен начин?
Секој од нас си има свои методи на употреба на тоалетот заради кои се чувствува удобно и заштитено од потенцијални инфекции, посебно кога станува збор за употреба на јавен тоалет.
Некои луѓе чучнуваат, други ја прекриваат тоалетната школка со многу тоалетна хартија...
Но, кој метод е најбезбеден?
Едно е сигурно, прекривањето на тоалетната школка со многу тоалетна хартија не е воопшто безбедно, бидејќи така, всушност бактериите се шират многу побрзо.
Уште една работа која дополнително загрижува е тоа што и самата тоалетна хартија не е безбедна, бидејќи ако е близу тоалетот и не е покриена, исто така е полна со бактерии.
Според микробиолозите, најбезбедниот начин за употребна на јавен тоалет е да научите да чучнувате.
Многу е едноставно, ако тоалетната школка воопшто не е во контакт со вашето тело, тогаш нема шанси да ви се пренесат било какви микроби и бактерии.
Уште една корисна работа која треба да ја знаете е дека водата најдобро е да ја пуштате кога школката е целосно затворена за бактериите да не се рашират во воздухот.
Н. Г. | Црнобело