Мали извори на енергија
Забрзаниот начин на живот често ни ја исцрпува енергијата. Имаме чувство дека уморот не совладува и кога сме наспани. Стресот, бројните обврски и...
...проблеми не исцрпуваат.
Пронајдете ги своите мали извори на енергија и научете да се носите со секојдневието.
1. Често имаме потреба да бидеме опкружени со голем број луѓе.
Но, овозможете си мирни моменти со партнерката/от или најдобриот пријател/ка. Опуштено кафе, прошетка или кино ќе ги задоволи вашите потреби за дружење, а нема да ве исцрпи како диско или кафуле каде ќе се гужвате.
2. Опкружете се со луѓе кои влијаат позитивно на вас.
Оние кои постојано кукаат, секогаш бараат некаква услуга или ве исцрпуваат со своите напорни приказни, исклучете ги од секојдневниот живот.
3. Намалете го користењето на телефон и мобилен.
Денес е неопходно да останете во контакт, но зарем ќе пропадне светот ако си овозможите релаксирана вечер со исклучени телефони?
4. Немојте да бидете склони кон перфекционизам.
Ништо не може да биде совршено, па ни вие. Убаво е да сакате да се усовршувате и да давате се од себе, но некогаш е потребно да здивнете и да си ги признаете своите слаби страни.
5. Спортувајте!
Колку и да ви се чини дека изморува, спортските активности докажано го подобруваат нашето расположение, а зголемената кондиција ќе ја зголеми и вашата енергија.
6. Ве фрустрираат финансиите?
Проверете колку пари трошите непотребно и почнете да штедите. Купувате сендвичи, буреци и кифли затоа што ве мрзи да си направите сендвич од дома? Пиете кафе надвор од канцеларија, а можете да си направите и таму? Бројни се опциите да заштедите.
7. Немојте да поставувате нереални цели.
Бидете свесни за своите способности и околностите во кои се наоѓате. Ако не ги постигнете целите, ќе се чувствувате лошо.
8. Уживајте во храната.
Немојте да јадете на брзина и уживајте во вкусот на она што го јадете. На раат изедете го секој оброк. Освен што ќе се одморите, ќе си го олесните варењето на храната.