7 знаци за карцином на градите кои жените често ги игнорираат

Карциномот на градите е втората најголема причина за смртност кај жените низ целиот свет.

7-znaci-na-karcinom-na-gradite-koi-zenite-cesto-gi-ignoriraat-01.jpg

Редовните прегледи се еден од начините да не се дозволи оваа болест да биде откриена во многу напредна фаза, кога шансите за борба против неа се многу мали.

Доколку забележите некој од следните знаци, време е да го посетите вашиот лекар и да направите преглед.

1. Промена на големината или формата на градите

Овие промени може да бидат резултат на месечен циклус, бременост, сексуална возбуда, или нешто друго што предизвикува промена на хормони. Но, ако забележите промена која за првпат се јавува, ќе си направите голема услуга со тоа што ќе закажете преглед и ќе ја откриете болеста во најраните фази.

2. Црвенило или осип

Доколку се појави на кожата на и/или околу брадавицата и не се повлекува, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Ако ваквата појава ја има и исчезнува не е никаков проблем, но ако таа не се повлекува тогаш задолжително треба да посетите лекар.

3. Исцедок од брадавиците

Чудна течност со каква било боја која истекува од вашата брадавица без да ја притиснете може да биде знак дека нешто се случува во вашето тело, па не е лошо да проверите што е тоа.

4. Отоци во пределот на пазувите и околу клучната коска

Ако мислите дека грутките секогаш се наоѓаат на градите тогаш не сте во право. Тие може да бидат и под пазувите, но и околу клучната коска. Кога правите самопреглед, водете сметка да го проверите и овој дел.

5. Промена во текстурата на кожата

Ако забележите каква било промена на кожата, како на пример доколку таа изгледа како кора на портокал, поразговарајте со вашиот лекар. Голем број жени не знаат дека ова може да биде сериозен симптом на уште посериозна болест.

6. Вовлечена брадавица

Ако брадавицата е вовлечена навнатре, слично како папокот, веројатно треба да направите проверка зошто тоа се случува.

7. Постојана болка

Болката се манифестира во форма на тапа болка во овој предел. Секако таа може да биде резултат и на несоодветен градник или месечен циклус, но сепак бидете внимателни, доколку се појави и не исчезнува преземете мерки и закажете преглед.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg