Победете ја здодевната кашлица со сок од ананас
Сте слушнале ли некогаш дека доколку силно кашлате сокот од ананас може навистина да ви помогне?
Ова тврдење е навистина точно, бидејќи ананасот, покрај значителната количина на витамин Ц, содржи и бромелаин, ензим кој има антивоспалително дејство.
Ваквата комбинација на хранливи состојки помага во спречувањето на болестите, уништувајќи ги бактериите, дури и тие кои се наоѓаат во грлото.
Истражувањата покажале дека екстрактот од ананас ја намалува мукозата 5 пати побрзо од вообичаените сирупи против кашлица.
Сокот од ананас е делотворен во борбата против најупорната кашлица, но не и ако е во прашање нешто посериозно, како воспаление на белите дробови.
Овој сок има делотворно дејство кога е во прашање сувото грло така што го стимулира исфрлањето на мукозата. Густата мукоза во белите дробови или синусите може да предизвика сериозна кашлица, кивање или болно воспаление.
Во едно истражување објавено во „Der Pharma Chemica“ научниците се обиделе да се најде корисен третман за пациентите кои страдаат од туберкулоза и разни инфекции. Тие откриле дека мешавината од ананас, бибер, сол и мед е многу ефикасна во намалувањето на мукозата во белите дробови и нејзиното исфрлање од грлото.
Домашниот сок од ананас е многу подобар отколку оној кој ќе го најдете во продавниците. Тој сок содржи разни додатоци, додаден шеќер, фруктоза и пченкарен сируп. Ако веќе се решите да купите сок, изберете некој без додаден шеќер или едноставно направете си сами од свеж ананас.
Овој рецепт за сок од ананас е одличен во борбата против кашлицата:
Потребни состојки:
- 1 чаша сок од свежо исцеден ананас
- ¼ чаша сок од лимон
- парче ѓумбир
- 1 лажица мед
- ½ лажица црвен пипер
Измешајте ги сите состојки и пијте од сокот 2-3 пати на ден., неколку дена по ред сè додека не забележите дека кашлицата се повлекува.
М. С. | Црнобело