Како да ги миете забите?

kako-da-gi-miete-zabite-povekjeИсправното миење заби е еден од темелните чекори за чисти и здрави заби при се поретка посета на заболекарот. Зависно од тоа каков тип сте зависи...

 

...и начинот на кој треба да ги миете забите.

kako-da-gi-miete-zabite

1. Детален тип

Големо внимание посветувате на хигиената и барате перфекционизам. Имате исправни и здрави заби. Одберете четкичка со меки влакна и набавете конец со кој ќе ги чистите тешко достапните делови. Секогаш мијте ги забите 2 пати во денот или по секој оброк.

2. Љубител на слатки работи

Вашиот доручек се состои од слатки работи – мармалад, мед, чај или кафе со шеќер. Вие едноставно не можете без шеќер. Колку и да звучи чудно, но штом не консумирате нешто кисело не мора да бидете во паника ако не ги измиете забите веднаш по оброкот. И вам ќе ви послужи четка со мало главче и конец за чистење.

3. Пушач

Вие сте најмногу изложени на расипани заби. Еден од најголемите проблеми ви се пожолтените заби. Задолжително користете паста за заби со ефект за избелување. Од време на време одете и на забар на полирање. Заради здивот можете да користите и вода за плакнење на забите.

4. Неправилна вилица

Вие имате безброј пломби и искривени заби. Посветете внимание на пломбираните заби и користете цврста четкичка. Не смеете да го прескокнувате утринското и вечерното миење на забите. Користете и вода за плакнење на забите.

5. Брз живот

Кај вас се се одвива забрзано. Вие немате време за губење. Детално ги миете забите навечер, а наутро правите се на брзина. Мијте ги забите додека се туширате ако веќе немате време.

6. Имате чувствителни заби

Реагираат и на топло и на ладно. Често пати и самото четкање ви предизвикува болка. Користете мека и нежна четкичка.

Би можело да ве интересира:

Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што треба да знаете за бактеријата мораксела – Честа е кај децата, предизвикува инфекции Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција ...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg