Симптоми на булимија
Булимијата спаѓа под ментални болести поради што луѓето јадат големо количество храна и еднакво брзo се ослободуваат од неа – со повраќање или со лаксативи.
Булимијата е малку потешко да се воочи затоа што нејзините жртви не ја губат тежината драстично како анорексичните.
Сепак, постојат знаци кои може да сигнализираат:
- Булимичните се опседнати со храна, јадат многу без да се задебелеат.
- Често прескокнуваат оброци за да го избалансираат внесувањето калории.
- Сакаат да јадат сами, никој друг да не ги види колку јадат.
- Може да бидат опседнати со вежбање.
- Често, веднаш по оброкот, одат во тоалет за да ја повратат храната.
- Образите може да им бидат потечени.
- Забите може да бидат жолти од желудочната киселина.
- Како резултат на повраќањето очите можат да бидат крвави.
Што да направите?
Ако булимијата не се лечи, може да доведе до сериозни здравствени проблеми – оштетување на срцето, паѓање на забите и оштетување на бубрезите.
Во потешки случаи резултира и со смрт. Ако мислите дека боледувате од булимија морате веднаш да побарате помош. Разговарајте веднаш и со родителите.
Познати болни од булимија:
Заради стресот и притисоците од медиумите, ѕвездите често патат од оваа болест. Дел оние кои се справуваат со неа се:
- Мери Кејт Олсен
- Бритни Спирс
- Линдзи Лохан
- Гери Халивел
- Елтон Џон
- Ејми Вајнхаус
Важно е да се соочите со проблемот и да ја победите булимијата!