12 непријатни физички проблеми со телото и како да се ослободите од нив
7. Првут
Првутот може да биде предизвикан од многу работи, од стрес, па сè до менување на шампонот кој најчесто го користите.
Настанува кога природниот процес на обновување на кожата е забрзан, па се појавуваат цели парчиња на мртва кожа.
Првутот може да се појави и доколку не ја миете косата доволно често, или поради премногу стрес, промена во исхраната...
Постојат специјални шампони кои можат да ви помогнат, но ако проблемот продолжува и понатаму, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
8. Потење
Луѓето се најмалите животни кои се потат и како и кај останатите, тоа е начин на ладење на телото.
Но, за разлика од кај животните, круговите околу маицата и кошулата, можат да бидат срамен проблем.
Професорот Марк Витли вели дека тоа може да биде резултат на хиперхидроза, односно знак дека пиете премногу вода.
„Прашајте се себеси, пиете вода затоа што сте навистина жедни или само од навика?“ - вели професорот.
Понатаму, вели дека повеќето луѓе слушнале дека треба да пијат многу вода и пијат од 4 до 5 литри дневно, а на повеќето луѓе доволен им е само еден литар на ден.
Најдобар начин да проверите дали пиете доволно вода е преку бојата на вашата урина. Ако е темно жолта, тоа значи дека не пиете доволно вода, ако нема боја или е светло жолта, тогаш пиете доволно вода.
Потењето може да се случи и кај луѓе кои редовно вежбаат, бидејќи телото им е навикнато постојано само да се лади.
9. Непријатни мириси од телото
Бромхидроза или непријатни мириси од телото е медицинска состојба во која кожата испушта непријатни мириси.
Оваа состојба не се појавува како резултат на нехигиена, туку од потните жлезди кои испуштаат феромони.
Непријатната миризба се произведува кога бактериите на кожата ги разградуваат киселините од потта и така се произведува непријатната мирзиба.
Најдобар начин да се контролира овој проблем е често миење и употреба на антиперспиранти за да се држат бактериите под контрола.
10. Уринарна инконтиненција
Овој проблем почесто се јавува кај жените. Нормално, кога бешиката ќе се наполни, испраќа знак до мозокот дека е време за празнење. Но, кај некои луѓе тоа се случува многу порано.
Ова може да доведе до бројни проблеми како ноќно мокрење, болка во бешиката и чувство како да не сте се испразниле доволно...
Може да се случи за време на бременоста и после породувањето или кај жените кои имаат над 40 години.
Најчеста причина за појава на уринарната инконтиненција е стресот или слабоста на карличните мускули кои ја поддржуваат позицијата на бешиката.
Во тој случај можат да помогнат неколку работи. Прво, специјално вежбање на карличните мускули, второ губење на вишокот килограми, оставање на цигарите, ако пушите и намалувањето на количините на кофеин кои ги внесувате.
11. Стапала кои мирисаат
Има околу 250.000 потни жлезди во вашите нозе, па не е ни чудно што овој дел од телото е подложен на ексцесивно потење.
Кога потта од кожата ќе дојде во контакт со бактериите на површината, настанува миризбата.
Во тинејџерските години, хормоните предизвикуваат поголемо производство на непријатни мириси од стапалата.
Но, понекогаш тоа може да биде и резултат на физичкиот стрес кој го претрпуваат нозете, посебно ако има мали изместувања во коските на стапалото.
Најдобар начин да се ослободите од овие непријатни мириси е секојдневно да ги миете нозете и да употребувате соодветни помошни средства и дезодоранси за стапала.
Имајте на ум, дека стапалата треба да ви бидат комплетно суви пред да нанесете било какви креми, инаку може дополнително да предизвикате појава на непријатен мирис.
12. Акни
Акните можат да бидат предизвикани од бројни фактори, но лошата хигиена не е дел од нив.
Истите обично се резултат на зголемено лачење на маст наречена себум која ги блокира лојните жлезди и доведува до воспаление.
Ова може да биде предизвикано и од прекумерниот раст на бактерии на површината на кожата кои произведуваат дополнителни иритирачки хемиски супстанци и дополнително го разгоруваат воспалението.
Докторот Дарон Сеукран вели дека ако акните не се премногу воспалени, можат да се третираат со лек кој не оди на рецепт, а содржи пероксид.
Можат да се користат и топични антибиотици кои треба да ги препише вашиот лекар.
Акните најчесто се појавуваат кај тинејџерите, но ако првпат ви се појавуваат после 25 години, тогаш најверојатно ќе морате да се консултирате со специјалист дерматолог.
Н. Г. | Црнобело