Мени за добро функционирање на мозокот

За мозокот да може правилно да функционира потребно е да се грижите за него и да го одржувате во форма.

Meni-za-dobro-funkcioniranje-na-mozokot-01

Доколку паралелно со тоа сакате и да намалите некој килограм тогаш „MIND“ диетата е вистинскиот избор за вас.

Автор на оваа диета е доктор Марта Клер Морис, професор на универзитетот „Раш“ во Чикаго  и истата претставува комбинација од морска храна и режим на исхрана кој се препорачува кај луѓето кои имаат висок притисок.

Помеѓу најголемите придобивки од диетата, секако покрај намалените килограми, е значително намалениот ризик од повишен крвен притисок, мозочен и срцев удар, но и 53% помали шанси за појава на Алцхајмерова болест.

За време на диетата е важно да избегнувате нездрава храна како путер, маргарин, сирење, црвено месо, слатки, пржена или брза храна, а наместо тоа да внимавате секој ден да имате 3 оброци, но со разновидна здрава храна.

Следното мени нека ви биде пример за тоа како треба да изгледа изборот на храна за еден ден:

Појадок

По избор: 170g јогурт со 125g боровинки и 125g јагоди или 1 парче леб од цели зрна и половина авокадо.

Ручек

Сендвич од две парчиња леб, 200g варени пилешки гради и една лажичка сенф.

Салата од 250g зелена салата, 200g краставица, 125g сецкани домати, една лажица семки од сончоглед и една лажичка маслиново масло.

Вечера

85g риба по ваш избор, прелиена со малку сенф.

125g ориз, 125g тиквички и четири аспарагуси.

Салата од 125g рукола, 125g спанаќ и една лажица оцет и маслиново масло.

Една чаша црвено вино.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg