5 здрави причини зошто треба да дремнувате попладне
Погледнете ги само мачките и бебињата - нивниот сон не знак на мрзливост, туку на здравје.
Многу често се случува да бидеме преморени од секојдневните задачи и проблеми, па одморот и сонот се најздравата работа која можете да ја направите во текот на денот.
Од неколку причини:
1. Ви се избиструва мозокот
60 до 90 минути сон во текот на денот можат драстично да ја подобрат активноста на мозокот.
2. Срцето ќе ви биде благодарно
30 минути сон во текот на денот со прегрната перница, значително ја подобруваат работата на срцето.
3. Ќе живеете со помалку стрес и анксиозност
Научниците забележале дека попладневната дремка значително го намалува нивото на хормоните на стрес во крвта.
4. Ќе избегнувате нездрава храна
Кога сте уморни, немате доволно енергија и посегнувате по нездрава храна, обратно, кога сте одморени имате помалку потреба од нездрави грицки и брза храна.
5. Ќе бидете полни со енергија
Спротивно на убедувањата, сонот ви дава енергија и ве прави помотивирани на работа.
Н. Г. | Црнобело