5 сигнали дека на вашето тело му треба чистење
Нашето тело секојдневно е изложено на разни токсини од храната, водата и воздухот, а очигледни показатели дека нешто не е во ред се секако знаците кои ги покажува нашето тело.
Колку и да се трудиме да живееме здраво, по одредено време може да дојде до насобирање на токсини во телото, а тоа може да се забележи по неколку јасни знаци:
1. Промени во расположението
Стресот е лепило за токсини кои го ослабуваат организмот и предизвикуваат снижување на енергијата заради што се појавува нервоза, лутина, љубомора...
Совет: Научете да се релаксирате - ова е најдостапниот и најефикасниот лек против стресот.
2. Подуеност
Брзиот дневен ритам нè тера да посегнеме по нездрава исхрана, заради која ни се таложат шеќери и масти кои во комбинација со стресот го забавуваат метаболизмот и предизвикуваат подуеност.
Совет: Во прехраната внесете што е можно повеќе состојки кои ги елиминираат токсините од телото како јаболков оцет, лимон, свежо овошје и зеленчук, чај од коприва и бреза...
3. Ниска концентрација
Тивок показател дека телото е затруено со токсини е лошата концентрација.
Совет: Телото е како компјутер на кој од време навреме му треба „restart“. Научете ги симптомите кои укажуваат дека е време малку да одморите за да ви се вратат енергијата, концентрацијата и мотивацијата.
4. Знаци на кожата
Испукани капилари, масна кожа, сува кожа... Сите овие знаци на кожата се последици од токсините кои спречуваат корисните материи да ја потхранат кожата и да ја направат здрава и еластична.
Совет: Физичка активност, пилинг и масажи - ако се дел од вашата секојдневна рутина можете да се ослободите од токсините, а кожата повторно да биде здрава.
5. Потреба за нездрава храна
Поголемата потреба за јадење нездрава храна е јасен знак дека телото е влезено во магичниот круг од кој се создаваат повеќе и повеќе токсини.
Совет: Испланирајте неколку денови за темелно чистење на организмот со свежо цедени сокови, исфрлете ги јаглехидратите од исхраната и месото и пијте вода за детоксикација.
Н. Г. | Црнобело