Патот до своето „Јас“
Во овој модерен свет не е тешко да загубите компас и допир со своето јас. Трчаме од едно место на друго, брзаме да направиме еден куп работи, а имаме...
...се помалку време. Опуштете се. Пронајдете го патот до себе.
1. Тивок пат
Метод: поминете време сами со себе, прошетајте или одете на викенд надвор од градот. Важно е да сте потполно сами. Потребно е да издржите во тишина. Поминете време во прирда. Компјутер и мобилен телефон се забранети. Никаков контакт со надворешниот свет.
Цел: Потребно е да го прочистите умот од непотребните ситници кои ве мачат. Важно е да се сконцентрирате само на себе.
2. Спортски пат
Метод: одберете спорт кој посветува внимание на духот како на пример таи-чи. Препуштете се на егзотичните движења.
Цел: префрлете се од реалниот во некој “друг“ свет. Здраво тело – чист дух.
3. Екстремен пат
Метод: спорт кој бара храброст. Нуркање, планинарење, параглајдинг и сл. И тоа како ќе ве опушти, а под дејство на адреналинот забораваме на обврските и се релаксираме.
Цел: Спортските предизвици помагаат полесно да се носиме со секојдневните предизвици.
4. Конструктивен пат
Метод: сите варијанти на јога, медитација, зен и опуштање на мукулите
Цел: повторно соединување на телото и духот, за да се справите со секојдневните проблеми.
5. Чувствителен пат
Метод: масажа на целото тело и велнес викенди.
Цел: ослободете се од стресот, лутината и другите негативни влијанија. Сетете се дека грижите се пролазна работа и не вредат за да се потресувате постојано.