Моќта на ендорфинот
Ендорфинот или хормонот на среќата секогаш прави да се чувствувате подобро. Зголемената продукција на ендорфин е еден од најефективните...
...начини за намалување на стресот.
Кога стресот е намален, се чувствувате подобро и оптимистички. Како да бидете здрава и среќна личност?
1. Подобрете го срцевото отчукување со прошетка или трчање, најмалку 15 до 30 минути на ден. Ако можете, шетајте во сликовито окружување. Вежбањето во природа дава стабилност, а опуштената атмосфера помага во ублажување на стресот.
2. Фокусирајте се на дишењето, позитивна визуелизација и вежби со растегнување (пилатес, јога). Ако се фокусирате, ќе забележите мултиплицирање на ендорфинот. Одличен начин да не мислите на проблемите. По вежбањето ќе се чувствувате како нов човек.
3. Масажата е одлична за релаксација. Доколку ви е прескапа, можете да се опуштите во када со топла вода, ставете си свеќички наоколу и слушајте ја омилената музика.
Важно е да сфатите дека напнатоста и стресот во секојдневието, не носат никакво добро. Затоа обидете се колку може повеќе да се релаксирате.