Што треба да правите кога ќе изгорите на плажа?
Многумина од нас, за да дојдат до совршено темен тен, решаваат да останат малку подолго на сонце и најчесто горат.
Ако дојде тоа да станете жар црвени, имајте на ум неколку совети:
1. Прво, истуширајте се
Водата ги отстранува нечистотиите од кожата и може да ви помогне да ја намалите покачената температура која вообичаено доаѓа со кожата како рак.
2. Во хоризонтална положба
На телото по горењето му е потребен одмор, па најдобро е да легнете. Ако нозете ви се претерано изгорени, дигнете ги нагоре за да спречите да ви отечат.
3. Употребете пудра
Пудрата ќе ви помогне кога ќе заспиете да не се триете многу од креветот и да ја намалите болката од изгорениците.
4. Пијте многу вода
Дехидрацијата на организмот е неизбежна кога ќе изгорите, па најдобро е да пиете големи количини на вода за да се хидрирате.
5. Направете маска
Свежите овошје и зеленчук ќе ви помогнат да ги намалите болката и црвенилото, а најдобри комбинации за тоа се
- Свежи компири
- Краставици, домати
- Моркови, тиква
- Јаболка, кајсии
- Лубеница, јагоди
6. Мраз
Моментално болката можете да ја малите со коцки мраз.
7. Масло
Многумина ќе ви кажат да нанесете масло на изгорениците, но маслото ги затвора порите и не ѝ дозволува на кожата да дише, затоа, избегнувајте го.
8. Млечни производи
Уште од баба ни е останато да ставиме кисело млеко на изгорениците, но тоа може да ни наштети, бидејќи млечните производи се поволна средина за развивање на голем број бактерии.
9. Вотка
Не смеете да ги чистите раните со алкохол како што е вотката, бидејќи така, дополнително ја сушите кожата.
10. Кафе и алкохол
Кога ќе изгорите, морате да намалите на количините на кафе и алкохол кои ги пиете, бидејќи тие дополнително го дехидрираат организмот.
Н. Г. | Црнобело