7 типови на здрава храна заради кои се чувствувате уморни
Дали постојано се чувствувате уморно? Ако одговорот е „да“ тогаш постои веројатност дека исцрпувачката листа на работи што мора да ги завршите и непостојаниот распоред на спиење да не се винови. Причината за која нема енергија може да биде вашата здрава исхрана.
Но, овде не зборуваме за оној тип умор како да сте изеле крофни и рафинирани јаглехидрати. Голем број хранливи грицки всушност можат да ви ја нарушат дигестијата, да го покачат нивото на шеќер во крвта и да направат да се будите на сред ноќ.
А, ова се 7 такви здрави намирници:
1. Овес
Овесот е здрава и фантастична храна која ќе ве наполни со енергија, но додавање на јаворов сируп или инстант овес во пакување значи вишок шеќер и секако, зголемено ниво на шеќер во крвта и пад на енергијата подоцна.
Всушност четвртина чаша јаворов сируп, што е навистина мала количина, содржи 50 грама шеќер.
За да не почувствувате пад во енергијата: јадете овес, но комбинирајте го со преливи како путер од лешници, исечкани лешници или чиа семе. Тие содржат протеини и здрави масти кои го намалуваат нивото на шеќер во крвта.
2. Обезмастен јогурт
Не секој јогурт се прави на ист начин. Всушност, во 170 грама обезмастен чоколаден јогурт од органски бренд има 35 грама шеќер – тоа е многу повеќе од сникерс чоколадо.
За да не почувствувате пад во енергијата: одберете обичен грчки јогурт и додадете боровинки и лешници.
Грчкиот јогурт има двапати повеќе стабилизирачки протеини за шеќерот во крвта, за разлика од обилниот јогурт, а боровинките го засладуваат без да ви опадне енергијата.
3. Чипс од зеленчук
Само затоа што има „зеленчук“ во името, не претпоставувајте дека имате доволна количина зеленило во организмот. Честопати, тие солени, крцкави, процесирани стапчиња се прават од скроб од компири, сложен јаглехидрат кој ќе направи да се чувствувате летаргично ако претерате.
За да не почувствувате пад во енергијата: направете свој чипс или помфрит од зеленчук користејќи свеж кељ, слатки компири или цвекло.
Ви изгледа како премногу работа? Тогаш може да бидете старомодни и да приготвите свежи моркови со хумус кои се полни со протеини кои ја одржуваат енергијата и се полни со влакна.
4. Црвено вино
Истражувањата покажуваат дека вино пред спиење го нарушува вашиот циклус за спиење и може да предизвика поспаност следниот ден.
Дури и една до две чаши предизвикуваат да заспиете побрзо, вашето време за спиење честопати е кратко и трае само неколку часа пред да се разбудите со превртување низ креветот. Исто така, алкохолот дехидрира, што може да си поигра со вашиот фокус.
За да не почувствувате пад во енергијата: прескокнете пиење вино пред да заспиете или напијте се 2 до 3 часа пред да спиете.
Уште подобро ако пиете вино со ручекот. И не заборавајте да се напиете чаша вода за секој друг пијалак што го пиете во текот на денот.
5. Кафе
Ако имате проблеми со спиењето, тогаш можеби треба да размислите да ја промените вашата кофеинска навика и да пиете кафе малку подоцна во утрото кога стрес нивото на хормонот кортизол кој е типично повисок отколку кога ќе се разбудите, не започне да се стабилизира. И никако не пијте кафе после 3 попладне.
Истражувањата покажуваат дека консумирањето кофеин 6 часа пред спиење може да предизвика да изгубите еден час квалитетен сон.
За да не почувствувате пад во енергијата: Пијте го утринското кафе околу 10 часот наутро и на пладне за оптимално зголемување на енергијата – тогаш нивото на кортизол природно започнува да се намалува, а тоа значи дека дефинитивно ќе имате бенефиции од кафето.
6. Овошно смути
Нека не ве лажат смутињата купени во продавница – тие се полни со шеќери, поточно 52 грама шеќер и недоволна количина на масти, протеини или влакна за да ве одржуваат полни со енергија. Исто толкава штета може и сами да си направите дома ако заборавате да додадете протеини или масти.
За да не почувствувате пад во енергијата: Направете свое домашно смути од и/или зеленчук, но секогаш вклучувајте протеини или здрави масти како путер од лешници или авокадо.
7. Енергетски плочки
Секако дека се полни со витамини и минерали, но енергетските плочки честопати се полни со засладувачи кои предизвикуваат драстични флуктуации во енергетските нивоа, особено ако ги јадете како грицка, а не за да ви дадат сила за време на вежбање.
Всушност, првата состојка во енергетските плочки е сирупот од кафеав шеќер. Што значи, енергетските плочки ќе бидат исти како и секое нездраво благо што го јадете.
За да не почувствувате пад во енергијата: Консумирајте енергетски плочки кои се направени од вистинска храна – колку е пократка и попрепознатлива состојката – толку е поздраво и подобро за јадење.
Исто така, осигурете се дека нема шеќер или друг засладувач на декларацијата и барајте енергетски плочки кои имаат добра количина на влакна и протеини.