Што се случува ако прифатите 30-дневен предизвик да се туширате со студена вода?

Дали ви е познато она чувство кога ќе завршите со напорен тренинг? Кога крвта брзо циркулира низ телото, кожата сјае и се чувствувате како целиот свет да е ваш? Е, сега замислете така да се чувствувате секое утро и тоа без да вежбате.

shto-se-sluchuva-ako-prifatite-30-dneven-predizvik-so-laden-tush-01

Ако мислите дека тоа е премногу добро за да биде вистина, делумно сте во право, затоа што за да искусите ваква ендорфинска еуфорија без да вежбате, ќе мора да влезете под ледено студен туш или купка секој ден на неколку минути.

Заговорниците на „студената терапија“ тврдат дека ледните тушови се бесплатен начин да го зајакнете имунитетот и да ја зголемите продуктивноста и енергијата.

Еден новинар од Business Insider решила да ја испроба ваквата терапија и да проба да успее во 30-дневниот предизвик секој ден да се тушира со ладна вода. А, ова се неговите впечатоци:

Од  1 до 10 ден: Дефинитивно најлошо

Да ја продолжиме аналогијата со вежбањето – почетокот на оваа рутина е најтешкиот дел, освен што ова е полошо од вежбање затоа што при вежбање барем поголемиот дел на почетокот не се страшни. Кај вежбањето прво започнувате со нешто полесно, а единствениот начин да започнете со ладен туш е да одброите наназад од 5 до 1, да замижете и храбро да влезете под туш.

„Тешко е да се опише искуството од првите 10 секунди затоа што сите сетила ми беа преоптоварени. Целата активност на мозокот престана и во главата ми се врткаше само една реченица: „ ЛАДНО. ТОЛКУ Е ЛАДНО!!!“ А, следните 20 секунди беа уште полоши затоа што станав свесен што се случува – т.е. што си направив самиот на себе. И следните мисли ми беа: „Јас сум луд. Зошто го правам ова?!“ – вели Дру Хаусмен, новинарот кој го прифатил 30-дневниот предизвик.

По првите 30 секунди, телото почнало полека да се смирува, мозокот повторно почнал да функционира како кај рационална личност и веќе не посакал да излезе од тушот по секоја цена. Но, и понатаму се чувствувал лошо и се тресел од студ.

Изложувањето на студ може да ви помогне во подигнување на нивото на ендорфини, поттикнување на градба на вистинскиот вид масти кои ви се потребни, намалување на вишокот килограми, борбата со депресија, па дури и намалување на големината на тумор.


Од 11 до 20 ден: Ситуацијата дефинитивно се подобрува

По 2 недели будење и смрзнување во ледена вода, нешто чудно започнало да се случува – Дру почнал да ужива во неа. Но, почнал да забележува и некои физиолошки подобрувања. Тој бил подготвен да се соочи со дневните предизвици. 

„На крај, што воопшто би можело да ме онерасположи сега кога веќе поминав низ нешто толку страшно толку рано наутро?“ е само една од неговите мисли.


Од 21 до 30 ден: Кога апсурдното станува рутина

„Во последната фаза на својот 30-дневен предизвик веќе не морав да се мотивирам со музика или психолошки трикови за секое утро да влезам под ладен туш. Едноставно го правев тоа, свесен дека постојат придобивки кои се поголеми и поважни од почетната непријатност.“

Тогаш, тој почнувал да ја забележува паралелата помеѓу она што го правел под туш и заштедата.

„Еднаш кога штедењето ќе ви стане навика, тогаш создавањето на домашна пресметка и елиминирање на непотребните трошоци – кои на почетокот се болни чекори, одеднаш стануваат полесни. Наместо напорните и болни задачи, тие стануваат дел од секојдневната рутина.“

Тогаш почнал да експериментира со туширање во различни периоди од денот. Открил дека попладневното ладно туширање е корисно исто како и утринското. Ледено ладниот туш во 2 часот попладне е исто како шолја кафе, но без нарушување на сонот и дополнителни трошоци.

Дру исто така препорачува дека ако се чувствувате поспано по ручекот, да пробате да влезете под ладен туш наместо да посегнете по уште едно кафе. Имате обврски доцна навечер, но сте уморни по долгиот и тежок ден? Пробајте да влезете под ладна вода и ќе видите колку концентрацијата и вниманието ќе ви се подобри.


Заклучок:

Изгледа дека 30-дневниот предизвик со ладен туш се исплатува за секој кој има проблеми со станувањето рано наутро. Можеби дури и ќе заштедите некој денар кој вообичаено би го потрошиле на кафе, затоа што ако го започнете денот со навалица од ендорфин, тогаш ќе ви е потребно помала доза кофеин. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg