3 вида храна со кои многу полесно ќе го добиете саканиот бронзен тен

Потемнетиот тен е совршен украс за кожата во лето. Сепак многу е важно добро да ја подготвите и заштитите кожата пред изложувањето на сонце, како однадвор така и однатре.

3-vida-hrana-so-koi-mnogu-polesno-kje-go-dobiete-sakaniot-bronzen-ten-01

Доколку сакате изедначен, бронзен тен ова се магичните сојузници од храната кои на вашата кожа ќе ѝ помогнат многу побрзо да дојде до посакуваниот тен.

1. Јајце

Јајцата се преполни со витамините А, Б и Д кои го регенерираат и хранат вашето тело, но и вашата кожа. Покрај омега-3 и омега-6 масните киселини, пријател на вашиот тен е и витаминот Б6, кој се наоѓа во жолчката, и заради кој кожата добива заштитен слој во форма на темен пигмент.

Јајцата можете да ги комбинирате со свежо сирење тоа содржи голема количина на калциум, кој, исто така, влијае на брзината на обновата и темнеењето на кожата, но и во комбинација со маслиново масло кои е одлично за ревитализација и регенерација на кожата.

2. Морков

Освен што е многу вкусен зачин, морковот е полн со состојки кои ја штитат кожата од штетните УВ зраци и ја подготвуваат за сончање. Главната состојка е секако бета-каротенот, која морковот ја поседува во големи количини. Кога бета-каротенот се претвора во витамин А кожата ја добива потребната заштита од изгореници така што се активира меланинот кој го дава бронзениот тен.

Најдобар начин за искористување на сите хранливи состојки е ако морковот се јаде свеж, изрендан во салата во комбинација со цвекло и зелка, но и во форма на зачин во јадења како на пример тиквички, кои се исто така пријатели на вашиот летен тен и здрава кожа.

3. Праска и лубеница

Летното освежување секако дека можете да го побарате во изладено овошје помеѓу кое секако тука се лубеницата и праските. Освен тоа што ќе ќе му ја пружат потребната хидратација на вашето тело, тие, исто така, се одличен извор на витамин А кој ги привлекува сончевите зраци и на тој начин се добива посакуваниот бронзен тен.

Лубеницата ги содржи и витамините Б и Б6 кои с4е, исто така, пријатели на вашата кожа и тен. Направете вкусна овошна салата од праски и лубеница, а по желба можете да додадете и зрело манго.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg