Откријте која болест ви се заканува според крвната група

Крвната група е една од работите која ја наследуваме од родителите. Постојат четири крвни групи и секоја од нив има позитивен и негативен Rh фактор.

Otkrijte-koja-bolest-vi-se-zakanuva-spored-krvnata-grupa-01.jpg

Истражувањата за значењето на крвните групи кај здрави луѓе покажале дека секоја група може да се поврзе со одредени болести. Така, луѓето со нултата крвна група имаат најмали шанси да доживеат срцев удар, додека кај АБ тие се најголеми.

Во продолжение прочитајте која крвна група со која болест се поврзува:

Крвна група А – подолго плодни, но и склони кон пиење

Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик од рак на желудникот. Жените од групата А се плодни многу подолго од другите, па затоа и можат да забременат и во својата старост.

Но, жените со крвна група А имаат поголем ризик од рак на стомакот, особено ако се пушачи и често пијат алкохол. Исто така, постои тесна врска помеѓу припадниците на крвната групи А и можноста за појава на проблеми со алкохолизам и опсесивно компулсивни нарушувања.

Крвна група Б – поголем ризик од појава на чир, но добар метаболизам

Носителите на оваа крвна група имаат поголем ризик од појава на рак на панкреасот. Исто така, луѓето со крвна група Б имаат поголем ризик од проблеми со меморијата, па дури и појава на деменција и Алцхајмеровата болест во староста.

Овие луѓе се повеќе склони кон формирање на чир и воспаление предизвикано од бактерии преку забавување на имунолошкиот одговор на одредени инфекции.

Сепак, она што е корисно за нив е тоа што имаат побрз метаболизам, па истиот им помага лесно да ги обноват и изградат мускулите.

Крвна група 0 – помал ризик од инфаркт, но и пократка плодност

Луѓето со оваа крвна група имаат една четвртина помал ризик од срцев удар и рак на желудникот. Тие имаат поголем ризик од чирови предизвикани од хелико-бактерии.

За крвната група 0 најмала е можноста за смрт од маларија, но се ранливи на колера. Кај жените од оваа крвна група два пати се поголеми шансите да имаат помалку и послабо квалитетни јајцеклетки заради што и нивната можност за зачнување е помала.

Добрата работа е што лицата со нултата крвна група се доста отпорни на стрес – кај нив по појава на трауматски настани нивото на хормонот за стрес кортизол најбрзо се намалува.

Крвна група АБ – склони кон инфаркт, но со подобар вид

Жените со оваа крвна група имаат поголем ризик од рак на јајниците, а трудниците поголем ризик за развој на состојба на висок крвен притисок.

Припадниците на оваа група, исто така, имаат поголем ризик од срцеви заболувања и мозочен удар, како и дигестивни проблеми, како што се хроничниот гастритис, Кронова болест итн.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека кај нив по трауматски настани хормонот кортизол се лачи многу подолго, што ги прави помалку отпорни на стрес. Но, тие се помалку склони кон проблеми со видот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg