Победи го стравот од фобиите
Фобијата се дефинира како психичко нарушување и факт е дека секој од нас чува страв од нешто во себе. Најчесто страв помеѓу луѓето предизвикуваат...
...пајаците. Можеби звучи како клише, но за да ги победите фобиите, морате да се соочите со стравот.
Ова не може да се постигне одеднаш, потребно е време и постепено ќе се ослободувате од стравовите. Најважно нешто кое ви е потребно е храброста.
Направете листа на вашите стравови од наслабите до најсилните. Вклучете се што предизвикува чувство на страв – од висина, до самотија, затворени простории, летање со авион и слично.
Полека, со поддршката на пријателите, терапија и семејството соочувајте се со вашите стравови. Еден по еден победувајте ги и уверете се во тоа “Е од ова веќе не се плашам!“.
Почнувајќи од најслабите стравови ќе изградите храброст за соочување со најсилните стравови.