Потребна е само една секунда за да ја почувствувате среќата која ја ослободува прегратката

Топлата блискост на нежност и допир има единствена моќ чие дејство не може да се мери со ништо друго на светот. Прегратката е еден од најдобрите начини да се чувствувате подобро речиси веднаш.

Potrebna-e-samo-edna-sekunda-za-da-ja-pocuvstvuvate-srekjata-koja-ja-osloboduva-pregratkata-001.jpg

Но, дали некогаш сте се запрашале како всушност прегратката дејствува?  

Науката ќе ви даде одговор за тоа колкава е моќта која се крие зад човечкиот допир.

Кога некој ќе ве допре по телото доаѓа до активација на рецепторите за притисок сместени во кожата, познати како Pacinian corpuscle. Тие рецептори подоцна испраќаат сигнали до вашиот нерв Vagus.

Ваквите дразби прават да се чувствувате добро, бидејќи овој нерв се наоѓа во делот од мозокот кој има голема улога во регулирањето на важни функции во телото, како што е на пример крвниот притисок.

Кога некој ве гушка, доаѓа до намалување на вашиот крвен притисок, како резултат на стимулирање на вагусниот нерв и затоа имате чувство на смиреност.

Допаминот е уште еден важен фактор. Додека некој нè гушка, нашиот мозок ослободува допамин. Допаминот е познат и како „хормон на задоволство“, бидејќи предизвикува чувство на еуфорија, сигурност и општо задоволство.

Резултатите од едно истражување објавено во списанието „Developmental Review“ покажуваат дека прегрнувањето може да го поттикне лачењето на „хормоните на среќа“ во мозокот, а да го намали крвниот притисок и стресот.

Позитивното дејство на прегратката може да биде моментално – односно во рок од само неколку секунди ако допирот е нежен и полн со чувства. Личноста веднаш се чувствува посмирена, бидејќи ѝ се намалува и количината на кортизол, познат како „хормон на стрес“.

Значи ако се чувствувате вознемирени, под стрес или ви треба мало охрабрување, побарајте прегратка или прегрнете некого – за само неколку секунди ќе почувствувате дека вашето тело добило нова енергија и го исфрлило стресот.   

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg