Канцеларијата врие бактерии
Канцеларијата е место каде бактериите и вирусите се шират брзо и едноставно. Ова посебно важи за оние фирми каде канцеларијата ја делите со...
...повеќе колеги. За да го сочувате здравјето потребно е да внимавате на неколку работи:
1. Често мијте ги рацете – секој пат кога ќе ставите нешто во уста (кафе, доручек, ручек, чоколадо)
2. Работната маса мора да ви биде чиста – редовно чистете го телефонот (посебно слушалката поминувајте ја со влажни марамчиња секое утро), тастатурата задолжително и се она кое го употребувате почесто. Дури и ако вие сте единствен кој ги употребува.
3. Хранете се врамнотежено – иако имате премногу работа не заборавајте да доручкувате.
4. Избегнувајте контакт со колегите кои се настинати или болни.
5. Внесувајте доволна количина вода – кафето можеби ќе ве одржи будни, но допринесува и за дехидрирање на организмот. Немојте да заборавите да пиете вода.
6. Правете редовни паузи – го одржуваат телото и умот во форма.
7. Престанете да пушите - пушењето е штетно за вашето здравје и го ослабнува имунолошкиот систем, а никотинот го зголемува стресот.