Како да проверите дали здивот ви мириса лошо?
Непријатниот мирис најпрво почнува со вашиот јазик – затоа тоа е првото нешто што треба да го проверите.
Погледнете го во огледало, ако е розов и сјаен, тогаш вашиот јазик е онаков каков што треба да биде, а ако е бел, тогаш тоа е индикатор дека можеби ширите лош здив.
Но, ако не сте сигурни дали се работи за непријатен здив дури и откако ќе си хухнете во дланките, тогаш испробајте ги овие 3 трикови кои ќе ви ја покажат вистината и ќе ве поштедат од непријатности:
1. Трик со рачен зглоб
Овој трик е потврден од многу бактериолози - лизнете го рачниот зглоб или горниот дел од раката и оставете нека се исуши, па мириснете. Тогаш сѐ ќе ви стане јасно.
2. Трик со лажица
Ако не сте сигурни дали имате непријатен здив, сѐ што ви е потребно за да проверите е лажица, неколку секунди и изострено чувство за мирис. Со лажицата нежно загребете по последниот дел од јазикот и потоа мириснете. Ако мириса лошо, тогаш и вие мирисате лошо. Ако на лажицата видите жолтеникава дамка, тоа е индикатор дека се зголемило произведувањето на сулфид.
3. Трик со конец за заби
И овој мал предмет има добра намена. Исчистете го просторот меѓу последните заби (бидејќи таму има најголеми шанси да има остатоци од храна) со забен конец и мириснете го конецот за да дознаете каква ви е миризбата во устата.
С. С. | Црнобело