Возможно е да чувате куче иако сте алергични: 4 совети кои ќе ве спасат од алергиски реакции

Не мора да значи дека ако сте алергични на кучиња, дека не може да ги чувате. Иако треба да бидете повнимателни во отстранување на влакна од просторот во кој живеете, сепак не е толку тешко колку што мислите.

vozmozno-e-da-cuvate-kuce-iako-ste-alergicni-na-nego-4-soveti-koi-kje-ve-spasat-od-alergiski-reakcii-001.jpg

Ова се лесните, едноставни стратегии за намалување на алергиски реакции на животни:

1. Капење и средување

Без разлика какво е влакното на вашето куче, ако постојано го средувате, тогаш сигурни сме дека ќе ги намалите алергените во вашиот дом. Важно е да напомениме дека ова не важи за оние кои се алергични на крзното од кучето, туку на првутот. За среќа, стратегиите кои важат за отстранувања на влакната се применуваат и за првутот.

Редовното капење на кучето е задолжително бидејќи може да ги намали алергените дури за 84%.  Користете нежен шампон за кучиња, бидејќи сигурно сакате да ја зачувате неговата кожа. А, кога станува збор за средување и чешлање, тогаш најдобро е тоа да го направите надвор.

2. Куќа отпорна на алергии

Сѐ што треба да направите е да се ослободите од килимот. Ако некаде има влакна, тогаш сигурно се таму, а тие алергени можат да останат таму долго време, предизивкувајќи симптоми во текот на целата година. Затоа, заменете го килимот со нешто што ќе ви биде и вам пријатно, но и на вашето куче – ламинат, плочки или паркет.

Исто така, ако имате проблеми со алергии, никако не оставајте го вашето куче да спие со вас. Без разлика колку сакате да се гушкате со него, никако не дозволувајте да дојде до вашиот кревет.

3. Чистење со правосмукалка

Добро, не можете баш да го спречите кучето да легне на кревет. Без грижа – моќна правосмукалка ќе спречи инвазија од животинско крзно на вашиот простор. Уште поважно, откако ќе завршите со чистење, задолжително празнете ја правосмукалката надвор. Ако ја испразните внатре тогаш облачиња првут ќе се вратат назад во вашиот дом.

4. Соодветна исхрана

Кога станува збор за алергија на кучиња, храната која тоа ја јаде има големо влијание. Ако сте сигурни дека кучето јаде богата храна, која содржи големо количество на омега-3 и омега-6 масни киселини, тогаш тоа ќе ве спаси од алергиска реакција. Овие хранливи материи осигуруваат посилен слој на крзно. Секако, обрнете внимание вашето куче да биде добро хидратизирано, така ќе има поздрава кожа и крзно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg