4 тајни на јапонските жени како да добиете витка фигура и да се чувствувате убаво
Кетрин Гронор е сертифициран нутриционист која еден дел од животот го поминала во Јапонија. Ова е нејзината приказна за тоа како да постигнете хармонија меѓу телото и духот.
За време на престојот во Јапонија таа успеала да намали 20 кг и што е уште поважно да води среќен и исполнет живот.
Она кое го научила од јапонските жени се 4 важни лекции кои таа сака да ги сподели со сите луѓе низ светот.
1. Ако вежбате како сумо борач, ќе изгледате како сумо борач
Сумо борачите не појадуваат. Наутро веднаш почнуваат со напорни вежби, па имаат обилен ручек и потоа легнуваат да спијат. Потоа стануваат и ја повторуваат целата рутина уште еднаш.
Доколку многу вежбате, организмот ќе ви бара пообилни оброци и ќе почнете да качувате килограми, без оглед на тоа што јадете здрава храна. По напорното вежбање и обилната вечера сè што ќе сакате да направите е да си легнете. На тој начин, ќе ја зголемите вашата мускулна маса, но и масните наслаги.
2. Топлината значи живот
„Енергијата на храната“ е еден од најпопуларните правци на Запад кој се базира на Источниот принцип кој гласи „Топлина е живот“.
Се смета дека насоката во која растат растенијата им два одредена енергија на тие растенија, која се пренесува и на нас кога ги јадеме. Храната односно растенијата кои се одгледуваат во лето, имаат за цел да нè разладат, за да можеме да се приспособиме на жештината. Додека пак храната која се одгледува во зима има за цел да нè грее и смирува.
Така доколку, на пример, консумираме преголема количина сирово овошје и зеленчук, тоа е од една страна здраво и има ефект на детоксикација, но од друга страна се смета дека премногу ќе го излади нашето тело.
Јапонците веруваат дека телото треба умерено да се загрева, затоа никогаш нема да ги видите во ресторан да нарачаат само салата.
3. Не е здраво да пиете течности за време на оброкот
Јапонците никогаш не пијат ништо додека јадат. Течностите го ладат телото, а тоа не е добро за дигестивниот процес. Научниците објаснуваат дека водата ја неутрализира киселината што ја произведува желудникот за да може да ја свари храната. Како резултат на тоа на нашето тело му треба повеќе енергија за да го заврши процесот и затоа имаме желба повторно да јадеме.
Затоа Јапонците сакаат топла супа, бидејќи на тој начин му ја обезбедуваат на телото потребната течност.
4. Топлата бања го продолжува животот
По топла бања секогаш се чувствувате многу смирени, мускулите ви се опуштени и вашата циркулација на крвта природно се подобрува. Направете си топла бања најмалку два пати месечно и кожата ќе ви биде почиста, а дигестијата значително ќе се подобри.
Температурата која е идеална за циркулацијата на крвта изнесува 38 до 40 степени.
Ние сме навикнати да веруваме дека слабеењето е поврзано со вечната борба против калориите и поради тоа веројатно овие совети ќе ви изгледаат чудно. Но, погледнете ги Јапонците: Целиот народ изгледа одлично, дури и на стари години, а се познати по нивниот долг животен век. Можеби и не треба да осмислуваме цели нови теории за животот туку само да ги следиме правилата на овие луѓе кои знаат како да живеат во хармонија со телото и духот.
М. С. | Црнобело