Парите и здравјето
Едно истражување покажало дека повеќе од еднa третина од луѓето претерано се грижат околу финансирањето, а тој стрес влијае врз нивното...
... здравје, но и на нивните односи.
Околу 37% од луѓето кои биле подложени на ова испитување признале дека се грижат за пари а тие проблеми им предизвикуваат депресија несоница и караници со нивните пријатели и партнери. Секој 5-ти испитаник изјавил дека нема контрола врз своите финансии, а 12% од нив се потполно оптеретени со нивните финансиски проблеми.
Третина од испитаниците изјавиле дека финансиите им предизвикуваат стрес, а 21% од нив имаат проблеми со спиењето. 19% од нив боледуваат од депресија а 16% истакнале дека финансиските проблеми им ги нарушуваат односите со партнерот/партнерката.
Секој 10-ти испитани утехата од финансиските проблеми ја наоѓа во храната, а 5% од нив во алкохолот. 4% од нив го губат апетитот а 3% слабеат а 1% изјавиле дека финансиите им ги уништиле нивните врски.
Експертите препорачуваат дека е важно луѓето да превземаат контрола над своите финансии, но предупредуваат дека тоа е процес кој бара време и посветеност. Долгорочните резултати ќе покажат дека трудот се исплател.