Разговор со терапевтот Дејан Ѓоргиевски: Мануелните терапевтски техники, збогатени со конопните креми кои се на билна основа даваат одличен ефект!
Мануелен терапевт – образуван на Академијата за мануелна терапија во Љубљана, Искусен професионалец кој реализира 300-350 третмани месечно. Кој има 7 години искуство како терапевт и предавач на различни масажни и терапевтски техники во Хигеја, школа за масери и терапевти и Академија за мануелна терапија во Љубљана, како и во студио Алтернатива во Скопје.
1. Кои се најчестите причини за вкочанетост и тегоби во мускулите?
Причините кои доведуваат до болки и вкочанетост во мускулите се од најразлична природа и причина, но сепак најчесто станува збор за проблеми од невромускулна природа. Имено сите проблеми кои имаат поврзаност со деформитети, дегенерации и оштетувања на рбетниот столб, се манифестираат со вкочанетост и болка во мускулите на грбот и трупот, но и на рацете и нозете, земајќи го во предвид фактот дека инервацијата на мускулите потекнува од нервите кои потекнуваат од сегментите на рбетниот мозок. Во оваа категорија на заболувања би ги споменале: кифозите, сколиозите, спондилоартрозните дегенерации, дископатии и дискус хернии, трауми и повреди и сл. Огромен дел од оваа проблематика завземаат и проблемите кои се поврзани со нарушувања во имуните реакции на телото, пред се автоимуните процеси, кои како категорија на хронични проблеми треба да нагласиме дека имаат долг, хроничен и прогресивен тек и слаба успешност во лекувањето, особено со методите на класичната медицина и фармација, односно пред се станува збор за симптоматска терапија. Би ги издвоил: ревматоидниот артритис, миозитис, системскиот лупус еритематодес, мултиплекс склерозата и амиотрофичната латерална склероза и сл. Не треба да ги изоставиме и сите спортски повреди и трауми, како кај професионалните спортисти така и кај лицата кои рекреативно се занимаваат со спорт и спортски активности. Оваа категорија во денешно време и не е така мала, со оглед на се позачестената спортска активност на лицата од сите возрасти, истовремено нагласувајќи дека многупати неподготвено и невнимателно се пристапува кон овие активности што резултира со чести трауми, повреди од најразличен тип, за нас особено се од интерес контузиите, дисторзиите и истегнувањата, додека пак фрактурите и руптурите бараат друг тип на терапија, хируршка пред се. Секако тегоби на болка и вкочанетост може да се јават и кај оваа категорија на пациенти, но со мануелно терапевтски техники, можеме да започнеме по уредно завршен процес на хирургија и стабилизација, односно во периодот на рехабилитација.
2. Каков е вашиот впечаток за тоа колку македонците се грижат за своето здравје, и колку практикуваат физичка активност?
Имајќи ја можноста да направам споредба со западноевропските земји, пред се со Словенија, би рекол дека значително заостануваме како нација со физичка активност и грижа за сопственото здравје, но од друга страна морам да забележам дека постои тенденција на пораст на физичката активност кај лицата од сите возрасти, во надеж дека овој пораст ќе има тенденција на ширење и зголемување кај популацијата од сите возрасти, односно дека ќе постане вообичаен стил на живот.
3. Што предлагате како помош?.
За проблемите поврзани со болки и вкочанетост во мускулите, ние во студио Алтернатива користиме различни мануелни техники (масажа, туина терапија, бовнова терапија, рефлексна масажа на стапалата, употреба на топли вулкански камења, кинезиотејпинг, кинезитерапија и сл.), во зависност од проблемот, етиологијата и возраста на клиентот. Нашите мануелни техники ги збогатуваме и го потенцираме нивниот ефект со употреба на различни креми и гелови кои се на билна основа, а пред се би ги истакнал конопните креми.
4. За кого пред се се потребни призводите од коноп?
Конопните креми кои ги употребуваме во студио Алтернатива, но исто така и топло ги препорачуваме на нашите клиенти, речиси и да немаат ограничување во возраст и проблематика на нивната употреба. Се разбира соодветна крема за соодветен проблем. Кремите кои ги употребуваме се:
ЗЕЛЕНАТА КРЕМА СО 10%КОНОП – ја употребуваме кај сите возрасти, пред се за мускулна релаксација, иако мора да го напоменам и нејзиниот козметички ефект, кој клиентот го чуствува со редовна употреба. Ги аплицираме кај лица кои имаат рбетни и паравертебрални проблеми и мускулна напнатост, но и кај децата со церебрална парализа и аутизам, како и кај лицата со мултиплекс склероза, амиотрофична латерална склероза, со блага масажа на дел од телото, 1-2 дневно.
СИНАТА КРЕМА СО 5%КОНОП, МЕНТОЛ И ЕУКАЛИПТУС – е крема со нагласен ефект на ладење и истата е препорачлива за сите состојби на акутно воспаление во мускулите и зглобовите, било тоа да е како патолошка состојба/болест или доколку се работи за форсирана физичка активност и оптеретување. Конопот овозможува мускулна релаксација, а ментолот и еукалиптусот овозможуваат ладење и намалување на болката, што дава одличен синергичен ефект.
ЦРВЕНАТА КРЕМА СО 5%КОНОП И ЕКСТРАКТ ОД ЧИЛИ/КАПСИКУМ – е идеална како крема на избор за сите хронични проблеми и болки во мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите, а како што веќе погоре споменав тие се доста честа проблематика. Покрај мускулната релаксација на конопот, овде очекуваме и интензивно загревање и хиперемија, подобрена циркулација, што резултира со подобрена циркулација во засегнатите подрачја, а со тоа и забрзан метаболизам во истите, што ќе резултира со подобра регенерација и ревитализација на самите ткива.
5. Дали имаат штетен ефект, и колку време треба да се користат?
Доколку соодветно се употребуваат овие креми, штетен ефект не се очекува, бидејќи станува збор за производи кои се на природна/билна основа. Мора да се напомене внимателна употреба, само доколку постои алергиска реакција на некои од компонентите, наведени на самото пакување, но тоа е само теоретски и редко, бидејќи овие креми ги употребуваме повеќе од 1 година во студио Алтернатива и досега не е забележана ниту една несакана или штетна реакција.
Времетраењето на третманот е зависен од типот на проблемот. Вообичаено е потребно употреба од најмалку 1-2 седмици, но би сакал да напоменам дека поради природниот состав на овие креми, истите немаат временско ограничување за употреба, односно можат да се користат и подолг временски период без никакви штетни и несакани реакции. Ова особено е важно за сите хронични и долготраечки проблеми, каде е потребен хроничен третман подолго време.
6. Какво е вашето искуство од употребата на конопните производи во масажните третмани?
Конопните креми се редовен составен дел од секојдневните третмани кои ги изведуваме во студио Алтернатива, веќе повеќе од 1 година. Ги употребуваме како вовед/почеток во мануелната терапија или масажа или како завршеток, на крајот по третманот аплицираме соодветна крема со што би го потенцирале и продолжиле делувањето на третманот. Резултатите од ваквата комбинација се исклучителни и тоа, на наше задоволство но и на задоволство на нашите клиенти, кои откако ќе ги почувствуваат ефектите од кремите, а воедно и ќе ја направат разликата од претходно употребуваните, заинтересирани се за редовна употреба и во домашни услови, што говори за нивната ефикасност и успешност да ги отстранат симптомите кои ги мачат луѓето, секако повторно би нагласил: соодветна крема за соодветен проблем!