Зошто е добро да танцуваме?
Танцот без сомнеж е најубавата физичка активност која го зајакнува нашето тело и нашиот дух. Освен што има големи здравствени придобивки, тоа е и еден начин на вежбање – па така може да го добиете вашето тело од соништата.
Ова се останатите причини зошто треба да танцувате:
1. Ги согорува калориите
Танцот е совршена вежба за целото тело,а се проценува дека согорува од 10 - 20 калории во минута – во зависност од интензитетот и брзината на танцување.
2. Ја прочистува крвта
Истражувањата покажуваат дека со помош на танцот може да го намалите нивото на лош холестерол во крвта (LDL) и да го зголемите добриот холестерол (HDL). Исто така, танцувањето може да им помогне на дијабетичарите да го контролираат нивото на шеќер во крвта.
3. Ги зајакнува коските и зглобовите
Танцот е една од најубавите и најпријатни физички активности кои прават да се чувствуваме убаво и притоа ги јакне коските, зглобовите и ја зголемува еластичноста на мускулите. Плус, помага во превенција и лечење на остеопороза и артритис.
4. Им помага на мозочните бразди да останат во форма
Танцувањето ја подобрува нашата меморија. За да можеме да танцуваме треба да ги запаметиме чекорите и рутините – а токму поради тоа ова е одлична ментална вежба за мозокот.
5. Ја зачувува нашата младост
Не е тајна дека танцувањето го забавува процесот на физичко и ментално стареење. Со него, го зголемуваме капацитетот на градите, го зајакнуваме кардиоваскуларниот состав на телото и плус се полниме со позитивна енергија – а со тоа, не му дозволуваме на нашиот дух да остари.
6. Ги зацврстува односите и зближува
Танцот со пријателите не само што е докажано најдобрата метода за слабеење туку е и еден од најдобрите облици на забава. Создава социјален живот и ни дава прилика да запознаеме нови луѓе. Танцувајќи, растеме и се зближуваме.
7. Танц = среќа
Танцот се поврзува со ендорфинот во нашата крв. Ендорфинот, уште познат како „хормон на среќата“ го подобрува нашето расположение и ни помага да се бориме против стресот и депресијата – што ја зголемува нашата самодоверба.
С. С. | Црнобело