Чоколадо без грижи
Дури и ако сакате да ослбнете, не морате да се откажете од најслатките задоволства, само припазете на составот и количината која ќе ја изедете.
Иако многумина тврдат дека мора да се откажете од слаткиот десерт ако сакате да ослабнете, тоа не е комплетно вистинито. Она на што треба да внимавате е на количината, но и на составот на одредени благи работи.
Чоколадата веќе со векови наназад претставува омилен сладок десерт, па едноставно нема реална причина зашто да се откажете од неа. Една од причините зошто чоколадата е толку омилена е незиниот уникатен состав.
Имено, чоколадата содржи какао во прав, односно теобромин какао кој содржи фенилетиламин. Тој најповеќе се лачи во нашето тело при емоционално возбудување. Освен тоа, кога јадеме чоколадо се покачува нивото на серотонин во крвта и така вашето расположение се поправа.
Ако морате да го ограничите вашето уживање во чоколада, внимавајте на количината на какао во неа. Што повеќе има какао, чоколадото повеќе ќе ве засити и ќе изедете помалку количински. Сепак, "вистинските" чоколади со 85% какао не им пријаат на сите, па затоа обидете се чоколадо кое содржи 70% какао.
Најдобро е горкото чоколадо, а онаа млечната пробајте да ја јадете во помали количини. Белата чоколада би требало да ја избегнувате, бидејќи во главно содржи повеќе шеќер и од млечната и од темната чоколада.
Така, доколку не претерувате со чоколадото, нема потреба да го исфрлате од вашет дневно мени - тоа навистина би било скратување на едно големо задоволство.