Како до ефикасен, но безбеден лаксатив?

Опстипација или запек е состојба која погодува дури 30% од популацијата а најпогодени се жените и постарите лица.

kako-do-efikasen-no-bezbeden-laksativ-001.jpg

Симптомите се многу непријатни и вклучуваат надуеност и стомачна болка а нередовното празнење на цревата може значително да го наруши квалитетот на нашиот живот. Опстипацијата најчесто е банална појава и честопати е поврзана со неурамнотежена исхрана или седечки начин на живот.

Сепак доколку стане секојдневен проблем може да донесе сериозни компликации како хемороиди па дури и потреба за итна хируршка интервенција.

Во решавањето на овој проблем честопати користиме лаксативи од хемиска природа кои покрај прочистувањето можат да предизвикаат одредени нарушувања како: грчеви, стомачна болка и навикнување.

Токму затоа PharmaS ви нуди ефикасно и безбедно природно решение против опстипацијата- Laksamol.


Што е
Laksamol?

Laksamol претставува нов додаток во исхраната за прочистување на организмот и редовно празнење на цревата! Содржи природни состојки – лактулоза која придонесува за забрзување на движењето на цревната содржина и  глукофрангулин од екстракт од кора од крушина (Rhamnus frangula L.).


Клучни предности на
Laksamol?

  • Сигурно и ефикасно решение кое на нежен начин помага при опстипација
  • Помага за воспоставување на редовно празнење на цревата
  • Не предизвикува грчеви
  • Содржи природни состојки кои не предизвикуваат навикнување
  • Пријатен вкус на портокал
  • Едноставна употреба – 1 кесичка на ден.


Карактеристики и дејство на состојките на
Laksamol?

Лактулоза

  • Лактулозата е дисахарид која при доаѓањето во дебелото црево се разградува од страна на бактериите на цревната микрофлора (пребиотик) до органски киселини со мала молекулска маса.
  • Лактулозата е осмотски лаксатив кој делува преку зголемување на секрецијата на вода во луменот на тенкото и дебелото црево и преку зголемување на цревната содржина.

Екстракт од кора од крушина

  • Екстракт од кора од крушина содржи глукофрангулин и франгулин кои доаѓаат во облик на моно и дигликозиди кои не се разградливи од страна на ензимите за варење поради што не се апсорбираат во горниот дел на дигестивниот тракт.
  • Крушината делува преку 2  механизма :
    • Контактна стимулација на мотилитетот на дебелото црево (со стимулација на неуроните, се поттикнува мотилитетот)
    • Го регулира процесот на секреција, спречува апсорпција на вода и електролити (антиапсорптивен ефект) и ја засилува пропустливоста на меѓуклеточните врски, што ја зголемува секрецијата на вода во луменот на цревата.


Начин на употреба:

1 кесичка да се раствори во 100-200 мл вода. Да се испие свежо подготвено.


М-р по фармација Филип Ачкоски

kako-do-efikasen-no-bezbeden-laksativ-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
8 симптоми на аутизам кај возрасни, според експерти Аутизмот може да се дијагностицира на секоја возраст, па добро е да ги знаете си...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg