Што да направите за да не јадете повеќе отколку што треба?
Без разлика на тоа колку се обидувате да контролирате што и колку ќе јадете, постојат работи кои се надвор од ваша контрола. Од луѓето во ваша околина, до местата и работите кои се околу вас, постојат фактори кои несвесно ве тераат да јадете повеќе.
Ако сакате да внимавате што и колку јадете, обрнете внимание на овие секојдневни работи кои ве тераат да јадете повеќе:
1. Неред
Хаосот кој го имате дома, посебно оној во кујната со куп неизмиени садови и храна надвор од фрижидерот, ве тера да јадете многу повеќе отколку што треба.
2. Разновидност
Колку повеќе различни видови на храна имате во чинијата, толку е поголема веројатноста дека ќе јадете повеќе. Најдобар начин да јадете е сите типови на храна да ги јадете одделно.
3. Големи чинии
Поголемите чинии прават да мислите дека јадете помалку, односно дека имате помалку во чинијата, па и дека можете да си дозволите некој компир повеќе.
4. Не спиете доволно
Дали некогаш сте забележале дека потребата за чоколади ви е поголема, ако претходната ноќ не сте спиеле многу? Кога сте ненаспани, јаглехидратите причинуваат поголемо задоволство.
5. Акциони филмови
Јадењето пред телевизор ве деконцентрира и не сте свесни колку многу храна сте внеле во организмот. Акционите филмови посебно ве тераат да грицкате повеќе.
6. Звуци
Намалете го звукот на слушалките или радиото кое го слушате додека сте дома. Гласните звуци, според едно истражување, прават храната да ви изгледа како помалку вкусна.
7. „Здрава“ храна
Денес на пазарот постојат многу производи кои се дефинирани како здрави, па слободно ќе се препуштите на јадење, а реалноста е дека сте внеле далеку повеќе калории отколку што треба.
Н. Г. | Црнобело