Спротивставете се: 7 совети кои ќе го уништат лошиот здив во неколку секунди
Дали голем број луѓе ви кажале дека имате лош здив? За жал ова е едно од нештата кои можат да ви ја намалат самодовербата.
Но, тоа не треба да ве обесхрабрува. Kористејќи комбинација од продукти, методи и труд, лошиот здив може да стане минато.
1. Користете паста од сода бикарбона
Пастата која во себе не содржи сода бикарбона само ги прикрива храната и мирисот од бактерии, а сода бикарбоната всушност ги неутрализира. Единствена негативност е што таа има полош вкус од обичната паста. За да се справите со ова, можете да ги измиете забите уште еднаш со обична паста за да исчезне вкусот од претходната.
2. Постојано и темелно чистете ги забите
Кога користите конец за заби, одвојте време и темелно исчистете ги внатрешните страни на забите за да ги отстраните сите остатоци од храна. Поентата на забниот конец е да ги исчисти забите во оние делови каде четката за заби не може. Измијте го или искористете нов дел од конецот при преминување на нов заб. Важно е постојано да ги чистите забите со конец и ако е возможно користете конец веднаш по јадење за да не се развие непријатен мирис во устата.
3. Тријте го јазикот
Триењето на јазикот е подеднакво важно како и миењето и чистењето на забите. Постои цел свет од бактерии кои можат да се развијат и кои можат да бидат причинители за лошиот здив, а ќе ги препознаете по тоа што му даваат бела боја на јазикот. Особено е важно да го триете наутро – бидејќи тогаш најголеми се шансите да се развијат овие бактерии.
4. Одвојте доволно време за орална хигиена
Мијте ги забите по минимум 3 минути. Ако постојано имате лош здив, тогаш треба повеќе. Ако ги миете 3 минути, тогаш треба да користите конец и да го триете јазикот уште некоја минута. Секако дека ќе изгубите време, но ако сакате резултати, тогаш ќе ви вреди.
5. Не јадете пред да си легнете
Легнувањето со честички храна во устата утредента може да има негативно влијание на вашиот здив. За да го спречите ова, потрудете се да јадете најмалку 30 минути пред да си легнете. Исто така, помага и да ја измиете устата по секој оброк за да ги отстраните сите парчиња храна од устата и грлото.
6. Мијте ги забите најмалку 3 пати дневно
Голем број луѓе ги мијат забите само 2 пати дневно – т.е. кога ќе се разбудат и кога ќе си легнат. Ако имате проблеми со лош здив, тогаш се препорачува да ги миете забите најмалку 3 пати дневно – откако ќе се разбудите, откако ќе ручате и пред да си легнете. Вака ќе ги одржите забите чисти и ќе спречите наталожување на бактерии во устата кои предизвикуваат лош здив.
7. Постојано пијте вода
Пиењето вода е одличен начин да го отстраните ваквиот непријатен проблем. Водата ја измива устата и плус спречува нејзино сушење. Пиењето вода е многу здраво и поевтино од пиење сокови. Соковите имаат високо ниво на шеќер и кофеин кое поттикнува растење на забен камен. Исто така, нивната средина е кисела –ја оштетува забната глеѓ, за разлика од водата чија средина е базна.
С. С. | Црнобело