Ќе ви дадат енергија: 3 добри причини кои ќе ве мотивираат да јадете повеќе овошје и зеленчук

Една од последиците од тоа да не ја консумирате водата која се наоѓа во храната е сувата кожа. Вистински хидрираната кожа е блескава – мека и младолика, онаква каква што сакате да постигнете со скапите кремови. 

kje-vi-dadat-energija-3-dobri-pricini-koi-kje-ve-nateraat-da-jadete-povekje-ovosje-i-zelencuk-01

Хидрирањето на кожата преку храна е еден од најефективниот начин да имате здрава кожа која блеска.

Меѓу другото, ова се 3-те причини зошто треба да консумирате повеќе овошје и зеленчук кои содржат вода:

1. Имате повеќе време за апсорбирање на водата

Пиењето на многу вода е здраво, но ако дел од таа вода ја добивате преку храна, тогаш тоа е уште подобро. Тоа е така затоа што водата што ја пиеме брзо се движи низ нашиот систем, а како што се движи таа ги отстранува хранливите материи од нашето тело. „Јадењето“ вода ја задржува водата во нашиот систем подолго затоа што дигестивниот систем ја отстранува од молекулите на храната.


2. Добивате дополнителни хранливи материи

Токму затоа што најдобрата храна полна со вода е овошјето и зеленчукот, вие ќе се здобиете со важни хранливи материи. Овошјето и зеленчукот се полни со антиоксиданси како витаминот Ц и алфа липоичната киселина која помага во намалување на оштетувањето на кожата и намалувањето на знаците на стареење. Тие исто така, содржат Б-комплекс, магнезиум, полифеноли и други хранливи материи кои ќе ја одржат кожата здрава.

Секако дека нанесувањето кремови со овие супстанции може да ви помогне да го подобрите изгледот на кожата, но ако не се потрудите и внатрешно да се разубавите т.е. да ѝ ги дадете потребните хранливи материи на кожата, тогаш резултатот нема да биде ни приближно добар.


3. Јадењето хидрирачка храна ќе ви даде енергија

Ако се фокусирате кон храна која хидрира, тогаш најверојатно ќе го намалите бројот на дехидрирачка храна – простите јаглехидрати. Тоа значи дека ќе се здобивате со повеќе хранливи материи кои ќе го надградат вашето тело и вашето енергетско ниво што ќе резултира со поблескава и пополна кожа со енергија.

Плус, овошјето и зеленчукот содржат ензими кои ќе ја намалат подуеноста, затоа нема да се чувствувате уморно по нивно внесување во организмот. Оваа храна ќе ве разбуди, наместо да ве заспие.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...
Рефлукс - што го предизвикува и како да го контролирате? Доколку чувствувате печење веднаш под градите и киселини повеќепати неделно, вре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Кои се симптомите на цистит и можете ли да се лекувате сами? Ако имате благи симптоми кои траат ден-два, можно е воспалението да помине само....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg