Најважната работа која можете да ја направите за да живеете долговечно
За да живеете подолго што би требало да правите? Дали би требале да вежбате секој ден или треба очајно да се обидувате да ги изгубите оние 5 килограми или треба да медитирате или да настојувате да го намалите холестеролот?
Некои научници покажуваат дека тајната на долгиот живот не е во ниту една од горенаведените работи. Во последното истражување кое е објавено во списанието на Американската Медицинска Асоцијација, се открива дека она што најмногу влијае на здравјето и долговечноста е она што јадеме.
Храната значи далеку повеќе отколку телесната активност, индексот на телесна тежина, холестеролот...
Користејќи национални статистики, истражувачите откриле кои се 10-те најчести причини за смрт на Американците во последните две децении. На врвот на листата се срцевите заболувања и Алцхајмеровата болест.
Останатите болести се хронична опструктивна болест на белите дробови, мозочен удар, рак на белите дробови, респираторни инфекции, дијабетес, рак на дебелото црево...
Понатаму, истражувањето открило дека со 10-те најчести болести кои се причина за смрт, барем 7 од нив се директно поврзани со исхраната, заедно со пушењето кое исто така се поврзува со 7 од 10-те глави причини за смрт.
Исхраната има силно влијание на должината на животниот век, многу повеќе отколку индексот на телесна маса, шеќерот во крвта, вкупниот холестерол или неактивноста. Што точно значи ризикот од неадекватна исхрана?
Ризичната исхрана е она во која не консумирате доволно овошје и зеленчук, цели срна, јаткасти плодови, млеко, влакна, калциум, омега три масни киселини или полузаситени масти, а на сметка на тоа јадете повеќе црвено место и сол.
Не станува збор за строг начин на исхрана, туку за придржување до доредени навики кои ќе ви осигурат дека ќе живеете долговечно.
Н. Г. | Црнобело