3 проблеми со менсутрацијата кои никако не смеете да му ги премолчите на гинекологот

Многу жени поради незнаење или срам ги сокриваат проблемите од својот гинеколог.

3-problemi-so-menstruacijata-koi-nikako-ne-smeete-da-mu-gi-premolcite-na-ginekologot-01

Но, овие 3 проблеми никако не смеат да бидат сокриени:

1. Обилна менструација

Секој организам е различен - па така и менструацијата е различна. Најмногу треба да обратите внимание на јачината на крварењето.

Ако во текот на крварењето морате да ја промените хигиенската влошка на 1 час или помалку, или пак трошите најмалку 10 тампони дневно, тогаш имате обилни крварења чија причина треба да биде откриена.


2. Долготрајна или прекратка менструација

Траењето на менструалниот циклус варира кај секоја жена. Гинеколозите советуваат да им се обратите ако имате менструација повеќе од 7 дена или пократко од 2 дена. Во тој случај имате необично долга или необична кратка менструација и потребно е да се открие зошто е тоа така.


3. Грутки

Во текот на менструацијата доаѓа до луштење на слузницата од матката и поради тоа може да забележите мали грутки - особено во периодот кога најмногу крварите. Меѓутоа, ако грутките се големи и ако се појавуваат секој ден од менструацијата, тогаш задолжително посетете го гинекологот. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се чувствувате анксиозно и депресивно во недела и како да си помогнете? Размислете дали постои конкретен проблем што ви предизвикува анксиозни и депреси...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg