Трикови за да го убиете гладот

Наместо да се грижиме околу тоа како да ги изведеме строгите диети, посебно после празниците преку кои несвесно се прејадувавме, еве неколку трикови...

 

... како да избегнеме добивање на несакани масни наслаги, да се одвикнеме од постојаниот глад и да го контролираме истиот.

Четка за заби

Понекогаш четкањето на заби или течност за плакнење на усната шуплина може да помогнат. Поради тоа што по миењето на забите преовладува вкус на свеж ментол, луѓето имаат помала желба за слатки и мрсна храна.

Мастики против глад
Студија од Ливерпул потврдува: Џвакањето мастика пред оброк го намалува чувствтот на глад, а најделотворни се оние со вкус на папаја, алое вера и манго.

Топла вода
Според некои верувања, во случај на глад препорачливо е да се пијат неколку мали голтки на топла вода - се полни желудникот и го чисти од отрови.

"Заспијте" ги сетилата
Гумените бомбони или чоколади ствете ги на место каде ќе ги заборавите (на пример во ладилникот) и каснете по некоја коцка штом ќе почувствувате глад. Замрзнатите слатки ги "заспиваат" сетилата и ја намалуваат желбата за понатамошна конзумација.

trikovi-za-da-go-ubiete-gladot1

Доручек
Урамнотежен доручек е најдобар почеток на денот. Превентивно делува на нападите на глад и го намалува ризикот од потребата за нездрава храна пред ручек.

Полека!
За време на ручек или вечера нема потреба да соборувате рекорди. Ситоста доаѓа по 20 минута, а оние кои премногу брзаат на крајот се пренајадени.

Пренасочување на вниманието
Нападот на глад по правило трае неколку минути. Кој ќе успее да ги надвладее тие 15 минути на слабост, има добри шанси да заборави на огромната желба за храна. Занимавајте се со домашни работи, прошетајте со пријателите, партнерот или со децата.

Водете дневник
Водите дневник за тоа кога сте гладни, што сте изеле и како се чувствувате по најадувањето. На тој начин ќе откриете во кои моменти сакате да јадете и ќе научите како да ја избегнувате потсвесната желба за храна (на сличен начин како што и ликот на Бриџит Џоунс запишуваше во својот дневник).

Црно-бело!Пред да посегнете по слатки и мрсна храна, замислите како тие изгледаат во црно-бела варијанта, без убави додатоци, украси, бои и мириси! Ќе бидат елегантни во вашите мисли, но не и толку вкусни па ќе можете полесно да им одолеете! Црнобело ви помага и е на ваша страна! Wink


Би можело да ве интересира:

„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате? Тигрестиот комарец кој го има и во Македонија пренесува повеќе од 20 видови боле...
8 причини зошто би можеле да имате болка во брадавиците Многу често брадавиците знаат да болат од триење при носење несоодветен градник ...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg