Колку ги познавате витамините и преку што ги внесувате?
Зимскиот период е време на настинки и грипови. Со цел да се заштитиме од боледување, секојдневно поткашлување или температура, треба редовно да ги внесуваме витамините кои го зголемуваат имунитетот.
Витамините се природни супстанции во храната кои се неопходни за телото да може совршено да функционира. Секој витамин има своја улога во организмот. Витамините се задолжени за развој на нервниот систем, видот и бројни реакции во организмот.
Постојат две групи на витамини, оние кои се раствораат во вода (витамин Ц и Б комлекс) и оние кои се раствараат во маснотии (витамините А, Д, Е и К). Иако се неопходни за одржување во живот, витамините не се создаваат во организмот, туку се внесуваат најчесто преку храната.
Колку ги познавате витамините и преку што би ги внеле?
Витамин А и неговиот провитамин КАРОТЕН
Дневната потреба е од еден до два милиграми. Го има во зеленчуците како: спанаќ, кељ, патлиџан, грашок, во млекото и млечните производи, сувото овошје, бананите, праските, црешите, јајцата, џигерот, житариците, рибиното масло.
Недостатокот на витаминот А предизвикува слабеење на видот, кршливи нокти, промени на кожата. Има влијание врз растот, изградување и одржување на ткивата, кожата и слузокожата.
Витамин Ц
Дневната потреба од овој витамин е 100 милиграми. Во големи количини го има во зелката, пиперката, цитронот, рибизлите, јагодите, лимонот, карфиолот, лукот, ротквиците, боровницата и корпивата.
Недостатокот предизвикува замор, раздразливост, несвестица. Влијае на зголемување на имунитетот.
Витамин Д
Дневната потреба од од витамин Д е 2.5 - 10 милиграми. Го има во маслиновото масло, млеко, сардина, харинга, јајца, спанаќ, зелка.
Недостатокот од витамин Д предизвикува деформации на скелетот и проблематични заби. Влијае врз метаболизмот.
Витамин Е
Потребната количина е 12 милиграми. Го има во млекото, растителното масло, јајцата, оревите, бадемите, лешниците.
Недостатокот на витамин Е предизвикува анемија кај бебињата, промена на кожата. Витаминот Е ја спречува оксидацијата на незаситените масни киселини.
Витамин К
Дневната потреба е 1.5 милиграми. Во поголеми количини го има во зелката, спанаќот, сојата, карфиолот, млекото, портокалите и копривата.
Ја подобрува на крвната слика.
Н. Т. | Црнобело