Имајте ги на ум: 12 производи со најмногу пестициди
Американската непрофитна организација „Environmental Working Group EWG“ секоја година се занимава со анализа на производите на светскиот пазар и бара кои свежи производи имаат најмногу и најмалку пестициди.
Пестицидите се употребуваат за да се заштитат производите од паразити и болести, но исто така, тие се штетни и за човековото здравје, па производите кои биле прскани со пестициди во големи количини најдобро е пред да ги консумирате, добро да ги измиете и да ја отстраните кората.
Јаболката оваа година се на прво место, па така, нив најдобро е пред употреба добро да ги измиете, а потоа и да ја отстраните кората.
12 производи со најмногу пестициди:
1. Јаболка
2. Праски
3. Нектарина
4. Јагоди
5. Грејпфрут
6. Целер
7. Спанаќ
8. Бабури
9. Краставици
10. Чери домати
11. Грашок
12. Компир
12 производи со најмалку пестициди:
1. Авокадо
2. Пченка
3. Ананас
4. Лук
5. Шпаргла
6. Манго
7. Папаја
8. Киви
9. Домати
10. Портокали
11. Карфиол
12. Батат (сладок компир)