Справете се со подочниците
Заглавивте синоќа до утринските часови и секако – првото нешто кое го забележувате во одразот на огледалото се подочниците. Ужас! Како да се појавите...
...во вакво издание на работа? Зошто се појавиле овие модри оквири под очите?
Подочниците настануваат како резултат на недостиг на вода во ткивото околку очите.
Местото потемнува и како последица од замор, стрес, намален имунолошки систем и недостаток на витамин Ц, при што добивате уморен и стар изглед.
Со редовна нега може да се намалат темните кругови, и повторно да добиете свеж изглед.
Најчесто употребувани методи се држењето тркалца од краставица на подочниците или кесички со чај од нане. Ваквите облоги треба исклучиво да бидат ладни за да ги стегнат крвните садови и со тоа да ја намалиат отеченоста. Бидете трпеливи. Потребно е време за да се намалат темните подочници.
Потечените очни капаци може да се намалат доколку ги масирате со лажички кои претходно сте ги оставиле неколку минути во замрзнувач.
Јадете храна богата со витамин Ц. Го поттикнува крвотокот и со подобра циркулација ќе ги намалат подочниците.