Зошто свинската маст е здрава?
Секако дека како и со сите останати работи, така и со маста не треба да претерувате, но тоа не значи дека не треба да биде дел од вашето домаќинство, онака како што била и кај баба и дедо.
Свинската маст со години била незаменлив дел од секој дом, но тоа се промени откако се воспостави дека има штетни последици по здравјето.
Последните истражувања одат во прилог на маста, односно се смета дека заслужува повторно да се употребува како во старите времиња.
Предности на свинската маст:
1. Свинската маст содржи 40% заситени маси од кои најголемиот дел се олеинска киселина – здрава масна киселина која ја подобрува работата на срцето и го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.
2. Во свинската маст има двапати повеќе олеинска киселина отколку во сончогледовото масло.
3. Има висока точка на горење, односно структурата ја менува над 250 степени, што ја прави одлична за готвење. Секако, треба да имате на ум дека не се препорачува јадење на големи количини на пржена храна.
4. Маснотиите кои се наоѓаат во оваа маст се потребни за секојдневното нормално функционирање на човековиот организам, но во помали количини одошто се консумирало порано.
5. Маста е калорична, но ве држи подолго време сити. Предноста е што маснотиите од свинската маст помагаат при апсорпцијата на витамините. Во себе содржи материи кои под влијание на UV зрачењата се претвораат во витамин Д.