Шампањот е добар за вас
Што убаво е вака баш во период кога празниците се пред нас, ќе излезе студија во која што се тврди дека шампањот е добар за нашето здравје. Поточно...
...едно истражување кое го направиле британски научници од универзитетот во Ридинг покажало дека шампањот е добар како за срцето, така и за мозокот.
Шампањот содржи полифенол, органска молекула која ги шири крвните садови, но која делува како антиоксиданс, односно ги штити клетките во нашиот организам од оксидациско делување на слободните радикали.
Истражувачите потврдиле дека и конзумирањето на 2 чаши црно вино дневно допринесува до намалување на срцевите проблеми.
Полифенолот повеќе го има во црното отколку во белото вино. Шампањот во најголем дел се прави од црни сорти на вино ("pino noar" и "pino menie"), поради што е добар за здравјето, наведуваат британските научници во својот заклучок.
Искрено, и не се битни деталите зошто, важно знаеме дека шампањот е добар за нас.
На здравје!