Крвната група одредува од што може да се разболите

Можеме многу работи да направиме за да ја подобриме личната здравствена состојба – можеме да вежбаме, да се храниме поздраво, но ништо не можеме да направиме околу нашата крвна група.

krvnata-grupa-moze-da-go-odredi-rizikot-od-zaboluvanje-od-odredeni-bolesti-001.jpg

Крвната група одредува на што сте склони, односно кои болести e поверојатно да се појават.

Крвната група ја одредува микроскопската супстанца која ја наследуваме од родителите, а која живее на површината на црвените крвни зрнца.

Оваа супстанца е во интеракција со нашиот имунолошки состав на тој начин што одредува колкав е ризикот од заболување од одредени болести. Зависно од тоа дали сте А, B, AB или 0 можете да бидете помалку или повеќе склони кон одредени болести.

Кај крвната група AB зголемен е ризикот од когнитивни нарушувања

Едно истражување кое е спроведено и објавено во списанието Neurology открива дека посебно постарите лица кои ја имаат крвната група AB се поподложни на проблеми при учењето, присетувањето на одредени работи...

Оваа крвна група е врзана со одредени коагулациони фактори и протеини во крвта, вели коавторката на истражувањето, Д-р. Марија Кушман.


Крвната група B има 26% помал ризик од рак на желудникот

Едно истражување објавено во списанието American Journal of Epidemiology тврди дека ризикот од рак на желудник е за цели 26% поголем кај останатите крвни групи.

За ова веројатно главен виновник е бактеријата хеликобактер пилори. Околу две третини од луѓето ја имаат оваа бактерија во желудникот. Луѓето со крвна група A и AB имаат нешто посилна реакција на оваа бактерија, па токму затоа се зголемува и ризикот од добивање рак на желудникот.

Истата бактерија пак, кај луѓето со крвна група 0 го зголемува ризикот од чир на желудник.


Крвната група 0 има најмал ризик од срцеви заболувања

Луѓето со крвна група 0 имаат за 23% помал ризик од срцеви заболувања, според истражувањата направени на Институтот за јавно здравје при Универзитетот Харвард. Кај останатите крвни групи постои поголема шанса од негативно реагирање на воспалителните процеси во организмот.


Крвната група А има проблеми со холестеролот

За разлика од останатите крвни групи, позитивната вест за крвната група А е тоа што кај нив постојат најмали шанси за стерилитет. Ова посебно важи за жените, кои имаат значително поголема бројка на јајце клетки и на еден начин се „заштитени“ од можноста за стерилитет.

Од друга страна пак, луѓето кои ја поседуваат оваа крвна крупа многу лесно може да ја накачат својата тежина и да имаат проблеми со холестеролот, ако не внимаваат на својата исхрана.

Иако се чини дека крвната група има улога во тоа дали ќе добиете одредена болест, не е јасно колкаво е тоа влијание. Најдобар совет е да се држите до здрав начин на живеење, да јадете здрава храна, редовно да вежбате и да се грижите за работите над кои имате контрола.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Добивам панични напади во гужва и затворен простор – супермаркети... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...
Кои се симптомите на гестациски дијабетес и што ако не се третира? Гестацискиот дијабетес се појавува во бременоста, а најчесто по породувањето, ше...
10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...
Ротавирус кај деца: Кои се симптомите и колку е опасен? Ротавирусот многу лесно се пренесува и може да преживее неколку часа на неизмиен...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Доцнење на менструацијата и уште 2 необични знаци дека сте претерале со кафето Знаете ли колку кафе е препорачано да пиете дневно? Иако од кафето има и здравст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg