Пиранска природна нерафинирана морска сол

piranska-prirodna-nerafinirana-morska-sol-1.jpg

Пиранската природна нерафинирана морска сол, воодушевува со својата оригиналност, природност, пријатен вкус и предизвик постојано да е присутна во секој дом. Оваа сол е со екстремно висок квалитет, бидејки е произведена на природен начин од сонцето,морето и ветерот и собирана со љубов со човечка рака,со алатки од природни материјали,во процеси и  со процедури применувани со векови.

Пиранските солени базени се меѓу ретките солени базени во светот каде што солта се произведува преку природни процеси, вклучувајќи целосно природна кристализација со испарување на морската вода, при што, во нејзиниот состав остануваат сите минерали сочувани  во солните кристали.

Пиранскатa нерафинирана морска сол е подарок од  морето наменета особено за подобрување на вкусот на храната. Пиранските солани се едни од ретките во светот  каде што солта се собира рачно, на традиционален начин со дрвени лопати, исклучувајќи секаква примена на машини и индустриска обработка, што во голема мерка придонесува за нејзиниот природен и пријатен вкус и ненарушена природна структура.

piranska-prirodna-nerafinirana-morska-sol-2.jpg

За разлика од рафинираната кујнска сол која е чист натриум хлорид, чии молекули силно ја привлекуваат водата од телесните станици во организмот предизвикувајќи притоа дехидрација и забавување на виталните телесни функции, а во процесот на хемиска преработка, (рафинирање), солта ги губи сите вредни минерали со што се уништува изворната структура на солта, Пиранската морска нерафинирана сол содржи преку 80 минерали и други елементи во траги кои се важни за здравјето на организмот. Сите минерали доаѓаат во природна форма, бидејки при испарувањето на морската вода, на дното на Пиранските солни базени не останува само солта (натриум хлоридот), туку и сите други природни цврсти материи кои биле растворени во морската вода. Покрај  80–те различни минерали, елементи во траги, карбонати и сулфати, во солта се присутни  калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициумска киселина. Станува збор за најквалитетен вид на сол, со огромна нутритивна вредност.

Пиранската морска нерафинирана сол , како изворна морска сол без адитиви, особено  е неопходна за здрава дигестија, за регулација на течностите во организмот, за квалитетно функционирање на нервниот систем, важен фактор e за здрав сон, за превенција од грчеви предизвикани од воспалување на мускулните ткива, за правилно апсорбирање на калциумот во организмот .

Дознајте повеќе за Пиранска сол: https://www.facebook.com/PiranskaSol.mk

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Знаци дека имате висок шеќер во крвта (и не смеете да ги игнорирате) Ако постојано сте жедни, уринирате почесто, имате заматен вид и главоболки,...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
„Ме мачи мигрена – Не, тоа не е главоболка, буквално не сум способна ништо да правам“ „Мигрените не се главоболки! Пропуштив многу работи поради нив. Нормалните звуци...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg