6 Не за стресот!
Постојат многу програми и техники за ослободување на умот и телото од секојдневниот стрес, но сите тие методи одземаат премногу време. Што треба да...
...сторите кога немаме многу време, а итно ви требаат неколку момент за самите себе.
1. Кратка прошетка
Дури и кога сте на работа можете да одвоите неколку моменти за да чекорите низ канцеларијата со што поволно ќе влијаете на циркулацијата и ќе ја намалите напнатоста во мускулите и главата.
2. Прочитајте нешто смешно или погледнете некоја интересна видео снимка
Бидејќи забавните содржини го одвлекуваат вниманието од стресните мисли барем накратко.
3. Молете се или медитирајте
Доколку сте верник одвојте малку време и најдете го потребниот мир во верата, а ако не сте верник обидете се со медитација.
4. Напијте се чај од билки
За пауза не земајте кафе бидејќи кафето само ги засилува симптомите на нервоза. Сосема спротивно на тоа, чајот делува смирувачки, а посебно доколку го испиете на некое мирно место.
5. Удрете ја перницата
Неколку удари во перницата или нешто слично лесно можат да ве ослободат од насобраниот стрес. Стресот може да се реши и со трчање, вежбање или некоја слична физичка активност.
6. Концентрирајте се на дишењето
Кога сме под стрес дишеме забрзано и кратко. Затоа стручњаците препорачуваат да дишеме длабоко, силно вовлекувајќи воздух во градите, а потоа полека да го испуштаме воздухот се додека не почуствуваме олеснување.