Внимавајте на својата машкост
Постојат бројни неприлики кои вашиот полов орган мора да ги преживее во текот на и по сексот, но дали може да дојде до сериозно последици? Општо...
... е познато дека како последица на триењето од оралниот или нешто погруб секс, може да дојде до иритација, отоците или надразнување на пенисот.
Но, дали е возможно пенисот да има посериозни последици и да дојде до прекршување? И, доколку такво нешто се случи, што може да се превземе?
За жал, одговорот на првото прашање е ДА. Иако пенисот нема ниту една коска, постојат одредени ситуации во кои доаѓа до фрактура.
Машкиот полов орган се состои од две комори од сунѓерасто ткиво кое се нарекува „corpora cavernosa". Овие комори се затворени со еластично влакнесто ткиво кое се нарекува „tunica albunigea", и кое може да се растегнува и да се
прилагодува на ерекцијата, и на тој начин ја спречува крвта да излезе од коморите.
Ваквиот процес резултира со поголем и поцврст пенис. Но, иако тој изгледа цврст како камен, немојте да заборавите дека сепак се работи само за крв и месо. Во текот на агресивниот полов чин, пенисот може случајно да излезе и да биде силно притиснат од женската пубична коска, задникот, итн.
До вакви незгоди може да дојде многу лесно и при било која сексуална положба, но најчесто се случува кога жената се наоѓа над мажот, бидејќи се потпира на него со целата своја тежина. Во тој случај, доколку пенисот се лизне, а жената пресилно го притисне, многу лесно може да дојде до фрактура или прекршување.
Ќе слушнете силен звук кој ќе биде пропратен со болки и отоци. Ќе се појави и темносина модринка од крвта која го напушта сунѓерастото ткиво.
Во 10 од 30 случаи, при фрактура на пенисот, ќе се оштети и уретрата. Не си играјте. Веднаш побарајте помош во случај да сте претерале со сексуалните игри.
За среќа, одговорот и на второто прашање е повторно ДА. Повредата може да се санира со операција. Затоа, не чекајте ниту секунда.
Единствено што можете да постигнете со одолговлекувањето, е дополнително да ја искомплицирате работата; доколку навреме не побарате лекарска помош, можете да завршите со деформиран пенис, неможност за постигнување ерекција, Певрониева болест (абнормална искривеност на пенисот), стеснување на мочниот канал...
Срамот, стресот, потешкотиите, нервозата и ним сличните чувства – заборавете ги! Сепак е најважно на време да стигнете до лекарот и да ја повратите функционалноста и естетиката на вашиот пенис. Само на тој начин ќе ги избегнете дополнителните непосакувани компликации.
И за крај, подобро е, а и дефинитивно побезбедно, во текот на сексуалниот чин да употребувате разни финеси, отколку да дивете и да се однесувате неконтролирано за време на ерекцијата.