Како да внесете повеќе магнезиум во организмот?

Магнезиумот е важен за здравјето на вашите заби, срце, бубрези и мускули, а помага и во регулирањето на останатите хранливи материи како што се бакарот, цинкот и витаминот Д.

kako-da-vnesete-dovolni-kolicini-na-magnezium-vo-organizmot-01.jpg

Многу луѓе не внесуваат доволни количини на магнезиум во организмот, па голема е веројатноста дека со текот на времето ќе се појави недостаток на магнезиум.

Дневната препорачана доза за жените не треба да надминува 320mg, но не смее да биде помала од 240mg, за мажите бројката се движи од 240mg до 420mg.

Магнезиумот можете да го добиете преку додатоци во исхраната, но можете и преку некои домашни препарати.


Сол за купка

ОвА внесување не се одвива преку прехраната, но може да ви помогне посебно ако страдате од несоница. Наполнете топла вода и додадете сол за капење. Лежете и релаксирајте се.


Темно зелени листови

Спанаќот и кељот се одлични производи кои се полни со влакна, антиоксиданси, витамини, а и минерали како што е магнезиумот.


Јаткасти плодови

Семките од тиква, оревите, бразилските ореви, бадемите и ф’стаците се добар извор на магнезиум, па ќе ви го подобрат расположението не само поради количините на магнезиум, туку и поради тоа што содржат важни протеини и масти.


Овес

Една шолја овесна каша содржи 61mg магнезиум, а ако на овој појадок додадете и малку јаткасти плодови веројатно веќе сте ја внеле потребната количина на магнезиум во организмот.


Банани

Наједноставен начин да внесете повеќе магнезиум во организмот е да консумирате банани. Една банана содржи 32mg магнезиум.


Темно чоколадо

Чоколадото покрај тоа што е богато со антиоксиданси, содржи и поголеми количини на магнезиум.

Проверете дали ви недостасува магнезиум во организмот тука.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што е синузитис, како се лекува и дали е заразен? Синузитисот е воспаление на синусите и може да биде предизвикан и од вирусни, и ...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто некои луѓе колабираат кога е многу жешко (и како да им помогнете)? Колабирањето од жешко време може да им се случи на сите, без разлика на возраста...
Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg