Чувствувате дека настинувате? Направете ги овие 4 работи како превентива
Имате напорен ден, се чувствувате изморено, а веќе и со денови имате чувство како да настинувате...
Ако кивате, имате болка во грлото и главата или носот полека ви се затнува, време е да ги направите овие 4 работи.
1. Пијте таблети цинк
На неколку часа земајте по една таблетка цинк. Цинкот е минерал кој успешно се бори со вирусите, бактериите и настинката.
2. Каснете пилешка супа
Колку и да ви звучи бабински, топлата супа е витаминска бомба за телото. Ако додадете свеж зеленчук, магдонот, лук, спанаќ и слични богати намирници, ќе добиете лек кој ги победува сите настинки.
3. Пијте витамин Ц
Штом ги почувствувате првите симптоми на настинка, земете витамин Ц и консумирајте по една таблетка на неколку часа, додека симптомите не престанат. Возрасните треба да внесуваат по 1 грам Ц витамин дневно. Се разбира дека најпрепорачливи се природните извори на витамин Ц како портокали, грејпфрути, кивија, пиперки, но добра работа вршат и таблетите.
4. Наспијте се
За време на сонот имунолошкиот систем ослободува протеини кои се борат со инфекциите во телото. Освен тоа, на одмореното тело му е многу полесно да се избори со воспаленијата. Потрудете се да спиете по 8 часа дневно, затоа што ако спиете 4 до 5 часа, имате 4 пати поголеми шанси да настинете.