Зошто нозете повеќе нè болат кога стоиме, отколку кога се движиме?
Двочасовната прошетка помалку ќе ни зададе болки во нозете отколку дванаесет минутно стоење.
Зошто е тоа така?
Додека стоиме нозете не се одмараат, туку имаат задача да ја држат целата тежина на телото и покрај тоа да ја одржуваат рамнотежата затоа што телото незабележливо се клати додека стоиме.
Токму затоа мускулите на нозете се многу поактивни кога стоиме, особено листовите, отколку кога се движиме. Додека се движиме рамномерно ја распределуваме тежината на повеќе мускулни групи.
Меѓу другото, кога одиме нозете сепак прават минимален одмор, додека едната ни е спуштена, другата е подвиткана и зема минимален одмор.
Додека стоиме целата крв се симнува во стапалата и листовите – а ова е и главната причина поради која ви отекуваат стапалата.
Освен тоа додека стоиме и чекаме нешто, мозокот е сконцентриран на телото, па сме свесни за сè што се случува во него. За разлика од тоа кога одиме, тогаш мозокот е фокусиран на други работи и помалку обрнува внимание на заморот.