Зошто се појавуваат и што ни препорачуваат кошмарите?

Кошмарите се страшни и стресни сонови кои знаат да предизвикаат анксиозност до таа мера што се будиме од длабок сон.

Shto-ni-porachuvaat-koshmarite-i-zoshto-se-pojavuvaat-01.jpg

Ваквите сонови изгледаат многу реално, па откако ќе се разбудиме не можеме да сфатиме дали биле реални или биле само сон. Во такви ситуации се покачува крвниот притисок, се зголемува отчукувањето на срцето, имате чувство на збунетост и страв.

Кошмарите најчесто се повик за внимание на оној кој сонува дека треба нешто да промени во животот. Па, можеме да ги наречеме и внатрешен аларм за да не предупредат на некаква опасност. Тоа може да биде нешто емотивно, физичко или едноставно само внимание.

Може да биде нешто што упорно го игнорираме, а не сме свесни за тоа. Може да биде некој здравствен проблем кој треба да се пронајде додека не стане сериозен. Или пак некоја емотивна болка од минатото.

Кошмарите кои ги игнорираме ја имаат таа моќ да се појавуваат повторно и повторно, затоа што нашата психа не сака да не остави на мир додека некој проблем нè мачи.

Ви се случило ли да си кажете во сон дека треба да се разбудите и дека тоа е само сон? – Тоа значи дека сте свесни за вашите постапки и дека можете да размислувате трезвено. Во такви мигови можеме да си почувствуваме телото како се движи, дише...

Ослободете се од ноќните мори така што ќе се ослободите од стресот преку решавање на проблемите врз кои можете да влијаете. Во спротивно кошмарите повторно ќе се јавуваат, бидејќи тие се ослободувач на стресот кој го апсорбираме во текот на денот.

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg