Хранете се здраво
Да се изгубат килограми е едно, но да се остане здрав додека се губат килограмите е сосема друга работа. Овие 8 есенцијални промени ќе ви помогнат...
...да ги изгубите килограмите, а сепак да останете во тип-топ форма:
1. Јадете риба еднаш неделно
Лососот, скушата, харингата и сардините содржат омега-3 масти кои го одржуваат срцето да биде здраво.
2. Пијте млеко и јогурт
Млекото богато со калциум ги држи вашите коски и ќе ви помогне да се решите од несаканите килограми. Бирајте млечни производи со ниска масленост.
3. Полека со солта
Солта ја задржува водата во организмот и го зголемува притисокот така што ќе изгледате надуено. Внимавајте повеќе од 1.5g сол за 100g храна е многу.
4. Неколку ореви
Навистина се калорични, но имаат есенцијални масти кои се потребни на вашата кожа и хормоните. Неколку ореви нема да ви наштетат.
5. Витамини во боја
Различно обоеното овошје и зеленчук содржат различни витамини, минерали и антиоксиданси. Бирајте продукти во портокалова, виолетова, црвена и зелена боја за поголема заштита.
6. Повеќе растителни влакна
Храната богата со растителни влакна е богата и со железо, цинк и други минерални материи.
7. Алкохол со мерка
Една чаша вино дневно е полезно за срцето, но пиењето без мерка го уништува црниот дроб и мозочните ќелии, а ја намалува и функционалноста на срцето.
8. Не пропуштајте го појадокот
Луѓето кои не го пропуштаат појадокот се послаби и внесуваат повеќе витамини и минерали потребни за организмот.